Да се биде добар фасилитатор е голем предизвик. Каков фасилитатор си ти? Кој метод најмногу ти одговара? Дали навистина си подготвен/а за да бидеш фасилитатор?

За да ги дознаете сите различни методи кои можете да ги користите при работа со група, и како да го олесните работењето на групата а истовремено и да го зголемите нивното ефективно работење-треба да пробувате, дознавате, експериментирате.

Од 16ти до 23ти Октомври во Омен, Холандија во партнерство со Cherry International  се организира тренинг “Upstream Retreat”.

За време на тренингот ќе научите:

  • како методолошки да работите на проект
  • кои методи постојат и на кој начин можете да ги користите при работа со групи
  • како да направите влијание врз општеството преку младинската работа
  • како да работите заедно со младински работници од други земји
  • како да учите од најдобрите практики и примери од други младински работници
  • многу нови работи за нови култури и различности

За кого е наменет овој повик?

Повикот е отворен за 3ца млади од Македонија, кои имаат над 18 години. Потребно е да имате основно искуство во работа со млади и групи, како што се организирање размени, летен камп, различни активности, обуки, работилници итн.

Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз се рефундираат во вредност до 275 евра.

Дополнителни трошоци кои мора да ги подмирите се: 75 евра за организацијата домаќин и 500 денари за организацијата која ве испраќа (Младите Можат)

Повеќе информации за тренингот може да прочитате на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 25.09.2022(23:59). Се аплицира со пополнување на формуларот и негово испраќање на меил [email protected]  со назнака „Апликација за учество на тренинг- Upstream Retreat“

За дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected] или јавете се на телефонскиот број 071227276