Social Day, добро познат концепт во нашата држава кој по втор пат овозможува општество во кое младите се лидери на сегашноста и иднината. Програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процеси кои им овозможуваат подобар образовен процес и кариерно насочување.
На 9 Ноември 2022г. преку Social Day се оствари соработка помеѓу младите и бизнис заедницата. Од една страна младите беа дел од општествената промена, а од друга страна бизнис заедницата е „ин“ и додели дневници за поголем младински фонд. Идејата е едноставна, младите луѓе заменија еден ден на училиште за работа која тие ја одбраа, односно покрај тоа што млади донираа дел од своето време, сега тие ја донираат и својата дневница за да бидат поттикнувачи на општествена одговорност, развој и солидарност за реализација на младински проекти во нашата држава. Со тоа, тие креираа младински фонд од вкупно 175 500 денари кој во наредните месеци ќе подржи 2 проекти, иницирани и водени од младите.
Проектите треба да имаат за цел да решат некој општествен проблем кој најмногу ги засега младите. Односно:
- Зајакнување на положбата и подобрување на животот на младите на кој било начин.
- Оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат.
- Проекти кои одговараат на моменталните потреби и имаат влијание на положбата на младите денес.
- Проекти кои по завршување на рокот за имплементација имаат потенцијал да бидат самоодржливи.
Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?
Младинскиот фонд ќе поддржи проекти во максимален износ до 60 000 денари.
Како се аплицира?
- Детектирај проблем од твојата најблиска заедница (училиште, факултет, маало, општина)
- Собери тим од 3 до 6 млади луѓе, разговарајте за проблемот: зошто истиот се појавува, кој го предизвикува, какви последици проблемот има врз околината, кој е најмногу засегнат од истиот
- Пополни ја апликациската форма каде што ќе го пријавиш проблемот за којшто разговаравте
- Чекај да те исконтактираме за наредната фаза, а во меѓувреме размислувај за проблемот и за можните решенија како да го надминеме проблемот
Кој може да аплицира?
- млади лица од 15 – 29 години
- може да се аплицира како тим од 3 до 6 млади
- минимум еден член од тимот треба да учествувал на Social Day 2022
- Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за своите врсници.
* сите членови на тимот мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот.
Краен рок за аплицирање: 11.12.2022 година (23:59)
Фази при пријавување и реализација на проектите коишто ќе бидат поддржани од фондот на Social day:
22.11.2022 – Отворање на повик за пријавување на проблеми
11.12.2022 – Последен ден за пријавување на проблеми
14-15.12.2022 – Прва фаза на селекција – презентација на проблемот пред Младите можат и убедување зошто треба да помине во наредната фаза
16.12.2022 – Резултати од првата фаза на селекција
Декември 2022 – Јануари 2023 – Менторска поддршка за разработка на проблемите и нивно преточување во конкретни проекти
Јануари 2023 – Втора фаза на селекција: Компетитивен хакатон за избор на 2 поддржани проекти
Февруари – Март 2023 – Период на имплементација на проектите
За сите прашања може да се обратите на меил адресата на Младите можат [email protected] или на 078 31 39 31.