Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.
Со младинската банка Крива Паланка, со поддршка на Младите можат и Општина Крива Паланка, управуваат 12 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Фонд на Младинската банка за проекти на неформални групи во општина Крива Паланка:
Фондот за младинската банка изнесува 30 000 денари кои заеднички ги обезбедуваат Младите Можат и Општина Крива Паланка. Младинската банка Крива Паланка има отворен повик за предлог проекти до 20 јули 2022 година.
Кој може да поднесе предлог проект до Младинската банка Крива Паланка?
- Индивидуи или неформални групи на млади од 15 до 29 години (сите мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот) кои живеат на територијата на општината Крива Паланка;
- Оние кои имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат;
- Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.
Што поддржува младинската банка?
Проекти кои се реализираат на територија на општина Крива Паланка имаат за цел
- зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин;
- оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат;
- проекти кои одговараат на локалните потреби и имаат влијание на локалната заедница
- посебно се поддржуваат проекти во областа на: културата, рекреативен спорт, слободно време на младите и простор за изразување и делување на млади, вработување и образование на младите, здравствена заштита на младите, социјална политика со фокус на социјално претприемништво, екологија, грижа за улични животни, безбедност во сообраќај, унапредување на урбанистичката опрема и јавните површини во општината
Се прифаќаат предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.
Што НЕ поддржува младинската банка?
- Проекти на кој главен приоритет им е хуманитарна поддршка на еден поединец, здруженија, политички партии, јавни институции и други правни лица;
- Проекти кои се повикуваат на каков било облик на насилство и дискриминација и промовирање на алкохол, дрога или нездрав начин на живот;
- Плати и хонорари за членовите на неформалната група која го реализира проектот;
- Трошоци за техничка опрема кои се неопходни за реализација на проектот, а кои се поголеми од 30% од бараниот износ од младинската банка;
- Проекти чија реализација на активностите е во тек или се веќе финансирани од друг донатор, институција или друго правно лице.
Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?
Младинската банка Крива Паланка ќе поддржи проекти во износ до 30,000 денари.
Вклучување на странки во неформалната група на млади!
Поради поголема вклученост и учество на заедницата, неформалната група мора да обезбеди средства (парични, материјални, услуги, труд) од претпријатија, институции, граѓански сектор или граѓани за проектот во износ најмалку 50 % како оној што го бара од младинската банка Крива Паланка. Пример: доколку сакате да направите игралиште, можете да обезбедите човек (роднина, сосед, пријател, познаник..) кој би го варосувал игралиштето без да наплати работна рака. Идејата е позади избраниот проект, неформалната група да вклучи повеќе луѓе во реализацијата на проектот, кои ќе бидат вклучени на волонтерска база и преку тоа да се поттикне активизмот и учеството во локалната заедница.
Како, на кого и кога можат да се поднесат предлог проекти?
Заинтересираните млади може да се пријават преку апликацискиот формулар.
Пополнете го апликацискиот формулар за предлог проект, заедно со предвидената документација (задолжително да се приложи фотокопија од личните документи на апликантот/апликантите како и потврдa/доказ за обезбедено учество на други субјекти во проектот) треба да се достават на следната мејл адреса [email protected] најдоцна до 20 јули 2022 година со назнака: Младинска банка Крива Паланка.
Кога ќе ја дознаете конечната одлука дали ќе ви биде поддржан проектот и кога ќе започне неговата реализација?
Младинската банка Крива Паланка ќе ве извести за конечната одлука за поддршка на вашиот проект најдоцна до 30 јули 2022 година.
Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 01 август до 30 октомври 2022 година.
Важни напомени:
- Фондот на младинската банка Крива Паланка за проекти на неформални групи, изнесува 30 000 денари, кои заеднички ги обезбедуваат Младите Можат и општина Крива Паланка
- За време на пополнувањето на апликацијата обратете внимание на критериумите од повикот за предлог проекти и објаснувањата кои се наоѓаат во апликациски формулар за предлог проекти;
- Ќе бидат поддржани проекти кои ќе се реализираат на територијата на општината Крива Паланка и кои имаат за цел зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин;
- Апликацискиот формулар со предлог проектот мора да биде пополнет во електронска верзија;
- Потребно е да се одговори што подетално на сите поставени прашања, а јасните и конкретни одговори ќе имаат големо влијание при изборот на проектите;
- Доколку не одговорите на сите прашања или задоцните со доставување на апликациите, истите нема да бидат земени предвид од страна на членовите на Одборот на младинската банка;
Сите целосно пополнети апликации ќе бидат земени во предвид за разгледување
Сите ќе бидат известени без разлика на резултатите
За сите прашања може да се обратите на мејл адресата на Младинската банка Крива Паланка, [email protected] .
Дефинирање на критериуми за проекти (теми и насоки)
- Простори за млади каде ќе може да делуваат и да се изразуваат
- Унапредување на животот во локалната заедница (животна средина, урбанизам, простори за спорт и рекреација, простор за креативно изразување и сл.)
- Подобри услови и згрижување на уличните животни
- Организација на културно-забавни настани за млади (може да бидат и со хуманитарен карактер)
- Поддршка на идеи на млади локални социјални претприемачи
Дефинирање на целни групи (кој може да аплицира)
- млади лица од 15 – 29 години
- млади лица со живеалиште во Крива Паланка
- може да се аплицира индивидуално или како неформална група
- правни лица не може да аплицираат на овој повик
Дефинирање на тип на активности
- Еко-акции, уметност и креативно изразување, спорт и спортски активности
- Поставување на инфо табли и ознаки
- Иницијативи за подобрување на инфраструктурата (детски паркови, игралишта, улици, тротоари, кеј, урбана опрема и сл.)
- Настани за вмрежување на млади или настани од хуманитарен карактер
Дефинирање на буџетска рамка и начини на користење на буџетот (колку средства и за која намена може да се трошат)
- Добиените средства се користат исклучиво за материјални средства и не може да се трошат за исплата на хонорари.