За сите оние кои сакааат да работат на себеси, да се подобруваат и да создаваат здрави навики оваа размена е токму за вас!

Small steps everyday е младинска размена која ќе се одржи во Кадис, Шпанија (Sanlúcar de Barrameda). Размената ќе вклучува учесници од 5 држави во Европа и ќе се фокусира на способност за фокусирање, објективно оценување на себеси и управување со емоции.

За оваа цел отвараме повик за 5 учесници и 1 тим лидер (сите на возраст помеѓу 18 и 30 години) кои ќе учествуваат на размената од 29 август до 8 септември 2022 година.

Дополнително оваа размена вклучува и APV (Advanced preparatory visit) на која ќе учествуваат само тим лидерите од секоја држава и ќе се одржи на 2,3 и 4-ти јули во Jerez de la Frontera, Шпанија. За истава подготвителна посета можете да прочитате повеќе на следниот инфопак –  INFOPACK APV

Патните трошоци до 275 евра како и сместувањето и оброците за време на размената и APV-то се целосно покриени од организаторот.

Сите избрани учесници се обврзани да платат 500 денари за партиципација на размената на уплатница која дополнително ќе им биде испратена на избраните учесници.

Сите оние кои сте заинтересирани можете да се пријавите преку пополнување на следната форма најдоцна до 24-ти јуни (петок).