Датум: 22.06.2022

Време: 12:00 часот

Локација: Рагуза 360, Скопје

Главната цел на проектот “All for You(th)!” е да се зајакне образовниот систем во Северна Македонија со прифатени политики за сервиси за ментално здравје, функционални програми за кариерно советување и зајакнати животни вештини кај младите.  Во насока на тоа, Младите можат подготви неколку програми со повеќе различни активности кои ќе ја постигнат оваа визија: програма за ментално здравје, програма за кариерно советување и програма за младинско учество и активизам. Програмите се реализираат преку повеќе различни активности, додека на конференцијата ќе бидат претставени дел од нив кои што имаат директно влијание врз образовниот систем во нашата држава.

Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ цели пред се да ги запознае главните актери во програмите со тоа што се планира да се направи, но и да се консултира со нив дали тие сметаат дека истото е возможно да се реализира во училиштата. Односно, на самата конференција ќе бидат претставени следните програми:

  • Програма за подобра грижа за менталното здравје на учениците во образовниот систем, наменета за наставници и психолози во средни училишта.

Говорник: Тиана Ивановска – СебеСложувалка

  • Програма за кариерно советување на средношколци, наменета за учениците од средните училишта.

Говорник: Ивана Дојчиновска Стојановиќ – Асоцијација на кариерни советници

  • Програма за градење на капацитети на кариерни советници во рамки на средните училишта.

Говорник: Славица Тасева– Асоцијација на кариерни советници

Покрај претставувањето на програмите и јавната дискусија за истите, во текот на настанот ќе бидат спроведени и тркалезни маси согласно темите на програмите на кои што наставниците, кариерните советници, психолозите и останатите присутни ќе бидат директно консултирани за програмите. Консултацијата ќе се одвива во насока на подобрување на пристапот за реализација на програмите во училиштата.

Поради полесна логистичка организација, Ве молиме да се пријавите на следниот линк https://forms.gle/FGErLdbgv7n4eA9f9 

*На учесниците кои доаѓаат од другите градови ќе им бидат покриени патните трошоци доколку уредно ги сочуваат и ни ги достават доказите за превоз.

Датум: 22.06.2022

Време: 12:00 часот

Локација: Рагуза 360, Скопје

Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ е во рамки на проектот “All for You(th)”, имплементиран од ЗГ Младите можат, а поддржан од Европската комисија.