„Градење на здрави животни навики на момчињата во Ѓорче Петров“ е проект кој ќе трае 8 месеци (01.12.2022 – 31.07.2023) и чија цел ќе биде позитивно трансформирање на однесувањето кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство.

До сега во рамки на проектот се реализираа првите работилници за партиципативно учење и вклучување, додека пак во следната фаза ќе се спроведуваат работилници од страна на врснички едукатори чија општата цел е создавање динамични простори за дискусија во кои младите момчиња можат критички да размислуваат за родови норми, врски и разни здравствени теми, како и „вежбање“ на потребните вештини за намалување на ризичното однесување и дејствување на соодветен начин.

Овие работилници (вкупно 10, со времетраење од 2 до 3 часа) ќе се одржуваат во периодот од Март до Април и потребни се 20 млади момчиња на возраст од 14 до 19 години кои живеат или учат на територијата на општина Ѓорче Петров.

За сите учесници на работилницата ќе бидат обезбедени работни материјали и ваучери за опрема од Техномаркет.

Темите кои ќе ги опфатат работилниците се следните:

  • Како се нарекува она нешто што се нарекува род
  • Машка чест и изразување на моите емоции
  • Етикетирање, насилство и разбирање на кругот на насилство
  • Што правам кога сум лут?
  • Постапувај како маж, постапувај како жена
  • Моќ и односи
  • Агресивна, пасивна или асертивна комуникација
  • Од насилство до почит меѓу партнерите во љубовните врски
  • Задоволства и ризици
  • Што се дроги и дрогите во животот и заедниците на младите
  • Зборуваме за алкохолот и алкохолизмот
  • Значењето на грижата за себе: мажи, жени, пол и здравје
  • Адолесцентска бременост , здравје СПИ и ХИВ/СИДА

Доколку си заинтересиран пријави се на следниов линк.

Оваа програма од 2007 година работи на оваа тематика на цела територија на Западен Балкан. Во последните 10 години, повеќе од 100.000 млади луѓе на возраст од 14-18 години поминаа низ Програмата М во повеќе од 130 заедници. Ова се само дел од досегашните искуства и резултати во рамки на проектот и применетата Програма М:

  • Позитивната промена во ставовите до 20% во однос на родовите улоги, норми, насилството и знаењето за сексуалното и репродуктивното здравје.
  • 80% од учесниците потврдиле дека во голема мера работилниците на YMI имале влијание врз нив кога решаваат конфликт без борба, зборуваат за безбеден секс, избегнуваат алкохол и дрога, бараат помош доколку имаат некаков проблем.
  • Физичкото насилство меѓу момчињата е намалено од до 21% во некои заедници и до 8% кај девојчињата.
  • Огромно мнозинство на учесници нагласуваат дека ќе се обидат да го спречат насилството доколку видат дека тоа се случува во нивната околина.

Проектот е реализиран од страна на Центарот за истражување и креирање политики заедно со CARE International Balkans со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Младите можат се партнери спроведувачи на проектот во општина Ѓорче Петров.