Да се биде добар фасилитатор е голем предизвик. Каков фасилитатор си ти? Кој метод најмногу ти одговара? Дали навистина си подготвен/а за да бидеш фасилитатор?
За да ги дознаете сите различни методи кои можете да ги користите при работа со група, и како да го олесните работењето на групата а истовремено и да го зголемите нивното ефективно работење-треба да пробувате, дознавате, експериментирате.
Од 16ти до 23ти Октомври во Омен, Холандија во партнерство со Cherry International се организира тренинг “Upstream Retreat”.
За време на тренингот ќе научите:
- како методолошки да работите на проект
- кои методи постојат и на кој начин можете да ги користите при работа со групи
- како да направите влијание врз општеството преку младинската работа
- како да работите заедно со младински работници од други земји
- како да учите од најдобрите практики и примери од други младински работници
- многу нови работи за нови култури и различности
За кого е наменет овој повик?
Повикот е отворен за 3ца млади од Македонија, кои имаат над 18 години. Потребно е да имате основно искуство во работа со млади и групи, како што се организирање размени, летен камп, различни активности, обуки, работилници итн.
Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз се рефундираат во вредност до 275 евра.
Дополнителни трошоци кои мора да ги подмирите се: 75 евра за организацијата домаќин и 500 денари за организацијата која ве испраќа (Младите Можат)
Повеќе информации за тренингот може да прочитате на следниов линк.
Рокот за аплицирање е до 25.09.2022(23:59). Се аплицира со пополнување на формуларот и негово испраќање на меил [email protected] со назнака „Апликација за учество на тренинг- Upstream Retreat“
За дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected] или јавете се на телефонскиот број 071227276