Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Работни обврски на Асистент за логистика и членство

Генерална цел на работата:

  1. Обезбедува логистичка и техничка поддршка во функционирањето на Извршната канцеларија и проектните активности на Младите можат;
  2. Организирање на настани, семинари и конференции;
  3. Асистенција при раководење со членството на Младите можат и координација на процесите на градење капацитети на членството;
  4. Одржување двонасочна комуникација помеѓу органите и телата на Младите можат со членовите;

Задачи и одговорности:

  1. Одговорен за техничка и логистичка поддршка при организирање на настани на Младите можат;
  2. Обезбедува потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на Младите можат;
  3. Планирање и извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица
  4. Обезбедува логистичка поддршка при спроведување на проектни активности за кои е задолжена канцеларијата на Младите можат;
  5. Одговорен е за комуникација и обезбедување информации за членовите на Младите можат за потребите на собрание или други настани;
  6. Обезбедува логистичка поддршка при подготовката и реализацијата на Годишното собрание на Младите можат;
  7. Активно учествува во останатите тековни активности во организација на Младите можат;
  8. Одговорен е за обезбедување на спонзори при спроведување на активности и проекти на организацијата;
  9. Одговорен е за градење и одржување на релации со спонзори, добавувачи и блиски соработници, согласно портфолиото за работа.
  10. Контактирање на потенцијални нови членови;
  11. Координирање на членовите во соодветните програми во кои се пријавиле;
  12. Следење на вклученоста на членовите во програмите;
  13. Промоција на програмите за членство;
  14. Водење на архива на членството;
  15. Организира настани и активности за членовите на Младите можат, во рамки на едукативните програми;
  16. Организира настани и активности за меѓусебна комуникација на членовите на Младите можат и помеѓу членовите на едукативните програми;
  17. Поттикнување на членовите за соодветно вклучување во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од членовите во подготовка на плановите и проектите;

Одговорности кон тимот:

  1. Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
  2. Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
  3. Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
  4. Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.

Критериуми за аплицирање:

Образование (одсек):    Општествени науки (пожелно Човечки ресурси, Менаџмент)

Години на работно искуство:      Минимум:  1       Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:

  • Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
  • Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од различни донатори

Основни карактеристики:

  • Лојалност
  • Организираност
  • Професионалност и посветеност
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Работа во куси рокови
  • Менаџмент на време
  • Менаџмент на конфликти
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)

Дополнителни информации:

Времетрање на ангажманот е од јануари 2022 до декември 2022. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден почетен финансиски надомест од 15 500 денари, нето сума.

Начин на аплицирање:

Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Асистент за логистика и членство на Младите Можат

Рок за пријавување:

16ти јануари, 2022 година, 23:59

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]