Јас и 5 други млади луѓе од Македонија ја имавме честа да земеме учество во проектот „Small steps everyday”, во Кампано и Херез де ла Фонтера, Шпанија. Во период од 12 дена имавме прилика, покрај прекрасната септемвриска клима во овој јужен предел, да стекнеме нови позитивни навики во нашите животи.- вели Дарко Милошевски.

Проектот беше поделен на две локации, Кампано и Херез. Кампано, мал локален кампус, изолиран од градските центри и бучав беше одличен старт на програмата. Секое утро започнуваше со пронаоѓање на мирот во себе, преку јога, медитација, масирање и секаков види на релаксација. Иако на првиот ден можеби бевме засрамени да го практикуваме ова, веќе вториот ден ги видовме позитивните промени во нас. Кога уште од самото утро се ослободувавме од некој тензии во нас, дали тоа беше од обилното дегустирање од културните вечери или тресењето на колкови на марокашки танц, јогата помагаше да ја оддржиме позитивната енергија во нас.

Во главно целата размена беше повеќе насочена кон само-рефлексија и како би можеле да излеземе од некои кругови на негативни влијанија во нашите животи. Најчесто имавме ментор или фасцилитатор обучен за темата, кој ни даваше идеи и предлози за како постепено да излеземе од некои репетитивни дејствија и прокрастинација. Најдобро и најкорисно од се беше работата во тим и можноста да се слушне и да се сподели искуството. Како група на млади кои се во различни фази во нивните животи, беше особено интересно да слушне како се справуваме со различни предизвици.

Доста необично за мене, кој има неколку искуства со еразмус размените, претставуваше блискоста и отвореноста измеѓу учесниците. Додека на други размени потребни се неколку дена за да се остварат силни конекции, во Кампано веќе првата вечер се осеќаше таа енергија. Благодарение на организацијата АЈ Inter, логистиката и распоредот беа
соврешени за да има доволно боднинг и кохезија измеѓу учесниците.

Дружбата продолжни и во Херез, каде имавме прилика да се запознеме со културата и убавините на Андалусија, плажите, храната, вината, луѓето, се ќе остане запаметено.