Дали уживаш да бидеш дел од промената? Дали ти претставува задоволство да работиш со млади луѓе и да придонесуваш кон нивниот успех? Те мотивираат амбициозни млади луѓе кои имаат идеја? Сакаш да го пренесеш своето знаење и искуство и да помогнеш за нивниот личен развој? Ако имаш позитивен одговор на овие прашања тогаш овој повик е посветен на тебе!

Здружение на граѓани Младите можат објавува повик за ментори за потребите на проектот “HOBBYZ – Hobby to business, финансиран од Европската комисија”. Целта на креирање на базата на ментори е да обезбеди постојана поддршка, развој и поддржувачка средина за тимовите кои ќе ги развиваат своите идеи и кои ќе добијат можност од својата идеја да создадат бизнис.

Што е менторство?                                                                                                          

Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или групи со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење и начинот на фукнционирање.

Менторството на тимовите кои имаат бизнис идеја која треба да се доразвие во рамки на проектот HOBBYZ- Hobby to business не е начин за да се наметне и каже на тимот како да ја постигне целта, ниту можност менторот сам да ја сработи целата работа во име на тимот. Менторството е градење на однос со тимот и индивидуите каде што менторот го поттикнува тимот самиот да дојде до решението за остварување на целта.

Критериуми за ментор:

  • Да си на возраст од 23 до 45 години;
  • Да имаш минимум две години искуство во директна работа со млади со посебен фокус на менторирање на индивидуи и групи и познавање на бизнис заедницата.;
  • Да имаш искуство во работа со тимови кои развиваат бизнис идеи;
  • Да имаш мотивација за континуиран личен и професионален развој;
  • Да размислуваш “надвор од кутијата”;
  • Да демонстрираш позитивен став кон работата и да делуваш како позитивен пример на останатите.

Што се очекува од менторот?

При менторирање на тим менторот треба да ги поттикне лицата:

  • Да се стекнат со нови знаења;
  • Да добијат увид во секојдневното работење во одредената област,
  • Да можат да ги идентификуваат своите предности и слабости;
  • Да стекнат поголема самодоверба;
  • Да развијат нови вештини за работење;
  • Да ги зајакнат меѓучовечките односи во групата;
  • Да размислуваат за доразвивање на бизнис идејата;
  • Да размислуваат за алтернативни начини за финансирање;

Менторите за време на менторскиот ангажман се должни:

  • Да присуствуваат на состаноците на групата;
  • Да одржат вкупно 10 часа менторски средби;
  • Да одржуваат редовна комуникација до проектниот координатор;
  • Да одржуваат еден-на-еден состаноци доколку е потребно;
  • Да изготвуваат извештаи за својата работа;

Начин на аплицирање:

Рокот за аплицирање истекува на 13.05.2022 (23.59). Во процесот на селекција, подобните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Изборот на менторите кои ќе бидат дел од базата на ментори кои ќе им помогнат на тимовите да ја доразвијат својата идеја во рамки на проектот HOBBYZ- Hobby to business, ќе биде направен од страна на тимот на Извршната канцеларија на Младите Можат.

Повеќе информации околу начинот на менторство на тимовите во рамки на проектот HOBBYZ- Hobby to business, прочитај на следниов линк. [Водич за ментори]

Доколку уште нешто сакаш да прашаш, слободно обрати ни се на [email protected]