Менталното здравје кај децата е многу кревко и подложно на секој вид сила, закана,злоупотреба, заплашување или агресивно доминирање.Булингот ги претставува сите овие однесувања,кои можат да се распоредат во три типа на вербален,социјален и физички.Со развојот на технологијата се појавува и сајбербулинг во кој се користат телефони,интернет,емаил,социјални мрежи,слики за да се повреди или вознемири некого.Булингот може да се случува за време на училиште или после училишните часови. Претставува карактеристичен образец на повредување и понижување на другите, особено на оние кои се помали, послаби или на било каков начин поранливи од оние кои го предизвикуваат. Тоа не се случува еднаш,туку повеќекратно и е намерно со цел да се предизвика штета на другите со помала моќ.Пријавување на овој проблем во училиштата се врши кај наставниците,психологот,директорот,а секој психолог е должен да изнајде решение за проблемот.
Сте биле ли некогаш жртви на врсничко малтретирање или познавате некој кој се наоѓал во таква ситуација?Ако одговорот е да,тогаш свесни сте и разбирате колку негативно доживување е за самата личност на која може да и се промени и уништи нејзиниот животот.Нема ништо добро што доаѓа од булингот,напротив има толку негативни страни што претсавува еден од главните проблеми на општеството што треба да се спречи.Како последици од булингот кај децата е што сериозно лошо влијае на менталното здравје кај нив и во нивниот понатамошен развој како возрасна личност,може да имаат физички повреди или пак да одат до крајна мерка што не можат да се справат со ситуацијата во која се наоѓаат и се решаваат за самоубиство. Зар загубата на еден млад човечки живот не треба да го замисли глобално општеството сериозно да му пристапи на овој проблем?!Овој најдрастичен превземен чекор е резултат на тоа што булингот често е прикриен од страна на жртвите затоа што се заплашувани од страна на насилниците или се плашат од одмазда.Обземени од страв да го споделат овој проблем со родителите или персоналот во училиштето не гледаат излез од стресната ситуација во која се наоѓаат.Ова сериозно треба да не предизвика да внимаваме што тоа се случува помеѓу учениците и какви се нивните односи за време на училиште,а како родители да се обидеме да увидиме каква е психичката и емоционала состојба на самото дете за да превенираме и дознаеме да не е резултат на веќе извршен булинг.Тоа е едниот начин.Другиот е да се трудиме на децата да им укажуваме на позитивен модел на однесување,да внимаваме какви содржини гледаат на телевизија,да се развива нивната емоционална интелигенција,емпатија и да се стимулира просоцијално однесување.Овој начин е доста битен за да се превенира булингот бидејќи ваквите насилници не се раѓаат,туку се создаваат.Најчесто ако нормалната агресија која се случува на 2 годишна возраст не е соодветно разрешена или пак гледаат некој модел на такво однесување. Студиите покажуваат дека овие деца немаат просоцијално однесување,не ги загрижува туѓата вознемиреност од нивното однесување и немаат разбирање за чувствата на другите и себе си најчесто се гледаат во позитивно светло.Врската која ја имаат овие деца со своите родители и нивните врсници е често напната и проблематична.За разлика од оние што го предизвикуваат булингот,децата жртви се често социјално повлечени,чуствителни,осамени,може да имаат негативно мислење за себе,тивок темперамент,пасивни,да се чуствуваат депресивно и анксиозно.Во секој случај за разрешување на булингот треба во предвид да се земат двете страни и да им се понуди помош.Психолот во училиштата е должен да најде решение за проблемот,да му помогне на детето кое се нашло во таква ситуација воедно и да разговара со неговите родители како да се справат со доживеаниот стрес кај самото дете.Никако не треба да се занемари и детето насилник,да се откријат неговите причини за таквото однесување и да му се понуди соодветна помош.
И кај децата кои малтретираат и кај жртвата циклусот на насилство и застрашување доведува до поголеми потешкотии кај личноста и слаб успех во училиштето.Последиците од булингот извршен во детството влијаат и во возрасниот период во која личноста има проблематични и отежнати односи во љубовните врски и на работните места.Децата одат на училиште поради љубопитност и стремеж за нови сознанија,да ги остварат своите соништа,оние во кои посакуваат кога ќе пораснат да станат доктори,архитекти,балерини,фудбалери.Одеднаш сето ова прераснува во една непријатна и стресна ситуација во која треба доволно умешност од страна на повозрасните за да се справат со овој проблем.Но освен тоа,сите ние како општество можеме да помогнеме во превенција на булингот,бидејќи секој од нас треба да е пример на тоа како треба да се однесува човештвото,а промената која сакаме да ја видиме во светот,треба да започне од нас.
Алтруизмот,емпатијата,љубезноста треба да бидат црти на нашата личност преку кои ќе ги учиме децата да споделуваат безусловна љубов,да другаруваат,споделуваат,сочуствуваат,помагаат и со тоа да имаат среќно и безгрижно детсво во кој играта и смеата ќе преовладуваат.На тој начин ќе се стави крај на булингот, и неговите негативни страни нема веќе да заземаат дел од детските животи.
—
Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.
0