Во текот на изминатиот месец, Младите можат испрати двајца членови на тренинг курсот насловен “Purpose Project” во Луџ, Полска. Мораме да напоменеме дека учесниците беа доста нереспонзивни и им требаше многу време да вратат на нашата порака додека траеше курсот во Полска. Но, по нивното враќање, во нив се виде огромно задоволство од курсот и беа многу благодарни за укажаната шанса.
За оправданоста од нивното невраќање на нашите пораки, говори фактот што се вратија со конкретни идеји за подобрување на нашето општество, желба за мотивирање на други млади лица и спремни да организираат работилници со кои ќе им помогнат на други личности кои се наоѓаат во истата ситуација како што се наоѓаа и самите пред проектот.
Иван (24) и Стефан (25) имаат само позитивни зборови за семинарот, почнувајќи од сместувањето, до учесниците, темата на курсот и прекрасните тренерки кои успеаја да изградат семејство од 26 членови од 8 земји за неполни 10 дена. На курсот, клучен акцент беше ставен на јапонскиот модел, IKIGAI, кој служи како водич при препознавање на своите пасии и спознавање на идната посакувана професија.
Преку интерактивни вежби, дискусија и многу други методи на неформална едукација, учесниците се стекнаа со вештини за да можат да го презентираат моделот на секој кој е заинтересиран. Па така, во месец Октомври, двајцата учесници во соработка со останати младински работници, во канцелариите на Youth Can, ќе имаат можност да го пренесат нивното знаење и ќе пробаат да ја доловат електричната атмосфера која се чуствуваше на 10 дневното патување во Полска.
Stay tuned
Целта на проектот беше да развие компентенции на 24 младински работници од 8 земји за понудување подобра поддршка на младите при пронаоѓање и идентификување на животната цел.