На ден 28.09.2018 год. (среда) во просториите на Бизнис Академија Смилевски се одржа едукативна работилница на тема финансиска писменост кај средношколците – „Милионер без неколку нули“.
Благодарение на отворениот поглед и желбата за описменување на младите во областа на менаџирањето на пари, по претходно испратено барање просторот беше отстапен за користење од страна на одговорните лица на Бизнис Академија Смилевски.
Самата работилница беше организирана од страна на активното членство т.е. тимот за образование на Младите Можат.
Тим од 4 млади ентузијасти: Никица Манџуковски, Елена Киранџинска, Сања Јонческа и Никола Ветаџока, почнувајќи од своите проблеми и недостатоци дојдоа до идеја за одржување на ваква едукативна работилница.
Работилницата започна во 12 часот и 30 минути со регистрација на учесниците. На работилницата присуствуваа 35 учесници, кои претходно се пријавуваа на повик, кој беше отворен до 27.09.2018 до 20 часот. Во 13 часот настанот го отворија организаторите со поздравен говор и објаснување на агендата која беше предвидена за тој ден. Во 13 часот и 15 минути започна првото предавање. Првото предавање беше насочено кон кредитите и даноците. Предавање го водеше Никола Митрески, обучено лице во областа кредитите и даноците. На учесниците им беше објаснето што всушност значат кредитите и како се дефинираат истите. Најголем акцент се стави на автомобилскиот, потрошувачкиот и стопанскиот кредит, мислејќи дека тие три типа на кредити според својата намена најмногу ги интересираат младите. Секој тип на кредит беше детално објаснет, како и износот кој што може да биде подигнат. Потоа следуваше објаснување околу постапките и условите при подигнување на кредитите. Предавачот имаше подготвено и мала игра, каде што учесниците требаа да откријат кој е побогат. Учесниците употребувајќи ги знаењата кои им беа пренесени од страна на предавачот, успешно ја извршија оваа игра. Предавањето заврши со јасна порака од страна на Никола Митрески која гласеше: „ Ако морате да земете кредит некогаш во животот, тогаш гледајте да ги инвестирате тие средства во АКТИВА, а не да ги потрошите на ПАСИВА.“ По завршување на ова предавање, во 14 часот следуваше петнаесет минутна пауза, каде што учесниците се опуштија и подготвија за следното предавање.
Второто предавање започна во 14 часот и 15 минути, кое беше насочено кон менаџирање на пари и управување со лични приходи. Предавањето го водеше Билјана Станковска од Илирика Фонд. Ова предавање беше од исклучителна важност кога станува збор за средношколците. Според предавачот, средношколците не знаат на вистнински начин да ги распределат парите кои ги имаат на располагање. За време на ова предавање на сите учесници им беше објаснето на кој начин можат да успеат да заштедат барем дел од буџетот и да ја почуствуваат финанскиската слобода. Предавачот стави акцент на вложувањто на акции во големите компании и фондации, кои подоцна во животот би придонеле за финансиска стабилност на поединецот. Беше направена разлика која дава јасна слика дека вложувањето на акции, а потоа и нивно продавање на долгорочен план е поисплатливо одколку купување на одредени прозводи. На учесниците им се објасни дека кога цената на акциите опаѓа-тие тогаш се купуваат, а кога цената на акциите расте-тие тогаш се продаваат. При крајот на ова предавање, предавачот Биљана успеа учесниците да ги воведе во начинот на кои тие би успеале да направат баланс помеѓу приходите и расходите. Ова предавање заврши во 15 часот и следуваше втората пауза која траеше до 15 часот и 15 минути.
Крајниот дел на оваа едукативна работилница беше предвиден за сите теоретски искуства кои ги стекнаа учесниците да ги преточат во практична вежба. Практичната вежба започна во 15 часот и 30 минути. Оваа вежба беше составена од листа на која беа прикажани месечни приходи на едно просечно македонско семејство. Беа претставени фиксните и варијабилните месечни трошоци, како и месечните расходи. Според пресметките можеше да се увиди дека сумата на расходи е поголема од сумата на приходи. Задачата до сите учесници беше да успеат, преку скратување на одредени потреби, на крајот на месецот да им останат барем 10% од приходите, а притоа да ги покријат сите расходи. Учесниците се поделија во 4 групи и имаат време од 15 до 20 минути да ја решат задачата. Лидерот на секоја група имаше можност да испрезентира колку неговата група успеала да заштеди. Некои заштедија 4000 денари, некој 5000 денари, а некој пак 9000 денари. Крајниот исход беше да се увиди дека ако секој месец се успее да се заштеди одредена сума на пари, во староста нема да се има никаков проблем со финансиската стабилност.
Едукативната работилнца заврши во 16 часот и 30 минути, а сите учесници си отидоа со насмевки на лицето и стекнати големи знаења кои се надеваме дека ќе ги применат во секојдневниот живот.