„Зошто е небото сино? За што ќе ми се потребна хемијата или математиката ? Зошто Месечината ја гледаме во различни форми?“

Ова беа само дел од прашањата на кои 5те млади кои го организираа едукативниот камп за природни науки дадоа одговор. Дводневниот настан #EmbraceScience се одржа на 22ри и 23ти септември во СУГС Никола Карев, Скопје од 09:30 до 14:30 часот. Истиот беше смислен, организиран и реализиран од страна на 5 активни членови на Младите можат кои се дел од тимот за образование. Тие сакаа да им покажат на младите дека природните науки не се досадни и неразбирливи и дека имаат голема примена во секојдневниот живот и со сигурност успеаја во тоа.  Во текот на овие два дена беа одржани по пет предавања со многу практични примери, експерименти, демонстрации од областа на Биологијата, Математиката, ХемијатаАстрономијата и Физиката

35 ученици од различни основни училишта од Скопје, Свети Николе и Куманово, од 6то до 9то оделение. 35 будни умови, љубопитни да дознаат како се лансираат ракети, што има во утробата на рибата, каде во уметноста и природата може да се најде низата на Фибоначи. 35 насмевки и воодушевени изрази од експериментите и демонстрациите кои беа изведени пред нив. 5 природни науки и 5 вљубеници во истите. Сите овие елементи го составија мозаикот на незаборавниот викенд кој го имаа овие млади.