Доколку се интересираш за претприемништвото и сакаш да дознаеш повеќе за можностите во руралните средини ова е шанса за тебе.

Младите можат како дел од размената ,, Is anybody out there” насочена на социјално претпримеништво објавува повик за двајца учесници на размена во Омен, Холандија од 23 Фебруари до 04 Март.

Размената ,,Is anybody out there”  организирана од страна на Cherry International Foundation и YOBBO фокусирана на социјалното претпримеништво и развивање на вештините на младите е составена од два дела. Првата размена се одржа во Италија ова лето на тема социјално претприемништво во урбани средини и на неа присуствуаа 5 членови од Младите можат.

Учесниците на оваа размена ќе имаат можност:

  • Да ги развијат своите претприемачки вештини
  • Да се стекнат со комуникациски и презентациски вештини
  • Да ги развијат своите тимски вештини и да научат да функционираат подобро при работа во тим
  • Да се пронајдат себеси и да ги осознаат и надминат своите лимити

Како критериуми за селекција на кандидатите ќе бидат земени во предвид мотивацијата за учество во размената и родовиот баланс, а предност ќе имаат кандидатите кои се активни членови во Младите можат.

За присуство на размената потребно е да се плати sending fee во износ од 500 денари, како и 25 евра котизација.

Рокот за аплицирање е 05.02.2018 18:00 часот.

За подетални информаци околу темата, активностите, начинот на аплицирање сместувањето, трошоците и организаторот на размената, обратете се на  [email protected] со назнака: ,,Is anybody out there”.