Првата заповед на лидерството: Запознај се себеси

Сфатив дека секој може да си ги оствари соништата, да успее. Најважно од се, ми ги покажа начините, патот до тој успех, до реализација на таа замисла“ – Учесник на проектот „Младински лидерски иницијативи“

Целиот проект ми ја зголеми самодовербата.  Ако претходно бев личност која не би помислила дека може да реализира еден проект, овој пат успеав, успеавме заедно со тимот“  – Учесник на проектот „Младински лидерски иницијативи 2“

Од искуствата на учесниците од првите два проекти „Младински лидерски иницијативи“ 6те успешни иницијативи кои произлегоа од нив, заклучуваме дека „Младински лидерски иницијативи 3“ е проект кој не би сакале да го пропуштите!

Младите можат по трет пат им дава шанса на 20 млади луѓе за 7 дневно искуство со лични и тимски предизвици, самоевалуација, рефлексија, себе-запознавање и развивање на својот лидерски потенцијал и потоа 3 месечен период за правење промена преку реализирање на иницијатива.

Целта на овој проект е да ги инспирираме младите да станат свесни за својот лидерски потенцијал и да развијат вештини за потоа да преземат акции во својата заедница. Истиот се реализира во две фази.

  1. Интензивен седум-дневен лидерски камп на кој учесниците ќе се здобијат со знаење и ќе искусат:
  • лидерство
  • себе-запознавање
  • самоевалуација
  • рефлексија
  • лични предизвици
  • тимска работа
  • тимски предизвици
  • граѓанско учество
  • детектирање општествен проблем
  • поставување цели
  • изработка на акциски планови

Лидерскиот камп ќе се одржи од 5ти до 11ти февруари на Пониква, Осогово. Учесниците ќе откријат нови работи за себе, ќе развијат вештини кои можеби не знаеле дека ги поседуваат и ќе бидат охрабрени и мотивирани за втората фаза од проектот.

2. Имплементација на три младински иницијативи
Во втората фаза од проектот, трите тимови кои ќе бидат формирани на лидерскиот камп ќе изработат акциски планови, ќе испланираат и ќе реализираат три иницијативи. Учесниците на претходните проекти заклучија дека најважна е тимската работа, сослушувањето и разбирањето меѓу членовите, а за да биде успешен еден проект важна е и енергијата и вложеноста на секој поединец во групата. Токму со иницијативите новите идни лидери ќе имаат шанса да искусат како е да се работи во тим и уште побитно, директно да бидат дел од промената која иницијално сакале да ја постигнат. Иницијативите ќе бидат имплементирани со менторска поддршка во период од три месеци, започнувајќи веднаш после лидерскиот камп.

Учесниците ќе бидат бирани на основа на:
→нивно досегашно ангажирање во заедницата,
→визија за постигнување на промена во иднина и
→желба и подготвеност тимски и посветено да имплементираат лидерска иницијатива.

Повикот е отворен за сите млади од 17 до 22 години.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените критериуми Ве повикуваме да аплицирате со пополнување на апликацискиот формулар и негово испраќање на [email protected] најдоцна до 05ти јануари 2018та, 20:00.

Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор ќе бидат повикани на интервју.
Котизацијата за учество во проектот изнесува 900 денари.

Доколку имате дополнителни прашања обратете ни се на [email protected]