Дали уживаш да бидеш дел од промената? Дали ти претставува задоволство да работиш со млади луѓе и да придонесуваш кон нивниот личен развој? Ако имаш позитивен одговор на овие прашања тогаш овој повик е посветен на тебе!
ЗГ Младите можат распишува повик за ментори на иницијативи во рамките на проектот “Академија за младински активизам”. Иницијативите ќе бидат реализирани од страна на тимови на млади луѓе, во времетраење од околу 3 месеци.
Менторите ќе бидат ангажирани во некоја од следните програми во рамки на проектот:
- Програма за волонтерство “Make a change, be a volunteer vol.5” (јануари 2018-април 2018)
- Програма за локален младински активизам “Youth Local Initiatives” (март 2018-јуни 2018)
- Младински натпревар за идеи “Ослободи ја идејата” (мај 2018-јули 2018)
Улогата на менторите ќе биде да го следат тимот и неговиот развој и работење за време на реализацијата на конкретната иницијатива. Избраните ментори ќе поминат обука за менторство во текот на месец декември, а потоа по случаен избор ќе бидат назначени на тимовите кои ќе се формираат. Нивните задолженија ќе подразбираат присуство на обуките на учесниците и на формирањето на тимовите, надгледување на процесот на планирање на иницијативата на нивниот тим, редовни состаноци и комуникација со тимот, присутност во процесот на реализација на иницијативата и спроведување на евалуација по нејзиното завршување за нејзината успешност како и за успешноста на тимското работење на тимот. Нивниот ангажман официјално ќе започне во моментот кога тимот ќе се формира, ќе заврши по реализацијата на иницијативата и нејзина евалуација и за истиот тие ќе добијат симболичен надоместок.
Имајќи го предвид методот по кој ќе бидат реализирани проектите како и одговорноста која менторите би ја имале, еден од критериумите за избор на истите е претходно искуство во невладин сектор (најмалку една година). Останатите критериуми ги подразбираат мотивацијата на апликантот и можноста за целосна посветеност во периодот во кој би биле ангажирани.
Доколку се препознаваш себеси во профилот на млади кој ни е потребен испрати ни го твоето CV на [email protected] и пополни ја оваа апликациска форма најкасно до 29ти ноември (среда), 20:00.