Младите можат распишува повик за Извршен директор, како дел од Извршната канцеларија на организацијата.

Извршниот директор ги има следните права, обврски и одговорности:

-Врши координација на одделите и членовите на извршната канцеларија;
-Во координација и по налог на Претседателот и Управниот одбор, презема активности за
имплементација на одлуките донесени од страна на Собранието и Управниот одбор;
-Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата на
програмата, одлуките и останатите акти на органите на Младите можат и други прашања од
областа на тековното работење;
-Се грижи за правилна употреба и планско користење на имотот и средствата на Младите можат;
-Учествува во подготовка и реализација на проектни активности
-По налог на Управниот одбор, врши други работи од областа на тековното работење на Младите
можат;
-Присуствува на седниците на УО, дава мислења и предлози во насока на подобрување на
работата на организација и застапување на интересите на Младите можат
-Дава поддршка на работата на УО со подготовка на агенди и материјали во врска со работењето
на организацијата

Кандидатите за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Минимум едногодишно искуство во младинска организација
  • Минимум едногодишно   искуство   со   планирање,   подготвување   и   спроведување   на   младинскипроекти и имплементирање на акции;
  • Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
  • Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
  • Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
  • Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
  • Способност за индивидуална работа и работа во тим.

Сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да ја испратат својата кратка биографија, заедно со мотивациско писмо најдоцна до 13 ноември 2017, на [email protected]  со наслов „Апликација за Извршен Директор“.