Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија започнува реализација на проектот Гаранција за млади.
Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година.
Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од 4 месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди Гаранција за млади.
Во оваа пилот фаза за имплементација на програмата се вклучени општините од г. Скопје, општина Струмица и општина Гостивар. Оваа мерка е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет).
Во секоја од општините (Град Скопје, Струмица и Гостивар) кои се вклучени во имплементацијата се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават Гаранцијата за млади на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.
Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив.
Кариерните советници од Агенцијата за вработување и теренските работници поминаа низ процес на учење составен од обуки за кариерен развој на млади како и учење за добрите практиките со кои Европските држави се служеле во текот на имплементацијата на програмата. Поради оваа причина, младите лица кои се заинтересирани за вклучување во оваа програма може да се обратат директно до теренските работници кои понатаму ќе ги упатат до соодветниот центар за вработување. Доколку сте заинтересирани за вклучување во Гаранцијата за млади пополнете ја оваа форма и теренските работници од вашата општина ќе ве контактираат.
За дополнителни информации обратете се на [email protected] за да пристапите до теренските работници.
Доколку ве интересира процесот на имплементација на Гаранција за млади во земјите членки на Европската Унија можете да најдете повеќе информации на следниот линк http://europa.eu/youth/lu/article/37/32248_mk