„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2020та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.
Во рамките на проектот, поточно во неговата прва фаза „Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе на локално ниво се соочуваат“, Младите можат има потреба од ангажирање на надворешен соработник – истражувач/истражувачка компанија.
Целта на истражувањето е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во три општини на територијата на град Скопје, претходно таргетирани од страна на Младите можат. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на локални младински иницијативи поддржани од општините и Младите можат.
Истражувачот се очекува да почне со работа од 15ти октомври 2020 г. а целиот ангажман е во периодот до 15ти декември 2020 г.
Ангажманот на истражувачот/компанијата предвидува:
- Изработка на методологија за истражување во трите таргетирани општини на проектот
- Подготовка на прашалник за теренски анкети
- Подготовка на прашалник за фокус групи
- Подготовка на насоки за анкетари при реализација на теренските анкети
- Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од теренските анкети
- Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од фокус групите
- Сумирање на добиените резултати и заклучоци во форма на публикација
- Подготовка и доставување на финален извештај за завршената работа со проектниот тим
Потребни квалификации:
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во спроведување на истражувања и анализи на податоци;
- Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)
- Високо развиени аналитички вештини;
- Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот или компанијата
- Предлог методологија за работа
- Прилог со референци од претходно искуство
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за истражување
Рок на аплицирање: 09ти октомври 2020г., 23:59.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]
Овој повик е дел од проектот “Младински локални банки” кој има за цел да поттикне вработување на младите, давајќи им можност да ги стекнат потребните вештини, истовремено учествувајќи во развојот на локалната заедница. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.