„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.
Во рамките на проектот, поточно во неговата прва фаза „Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе во Кочани и Велес се соочуваат“, Младите можат има потреба од ангажирање на двајца фасилитатори на четири фокус групи со млади, две во општина Велес и две во општина Кочани.
Целта на истражувањето е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во двете општини соодветно. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на тримесечни локални младински иницијативи за застапување.
Фокус групите се очекува да се реализираат во текот на ноември. Ангажманот на двајцата потребни фасилитатори е двократен односно за две фокус групи по фасилитатор и за истиот е предвиден паричен надоместок.
Ангажманот на еден фасилитаторот предвидува:
- Подготовка на водич за дискусија соодветен на темата на истражувањето во консултација со истражувачот
- Фасилитирање на две фокус групи со млади на тема „Потребите на младите на локално ниво“ во една од општините Велес или Кочани
- Доставување на записници и аудио снимки од двете фокус групи до проектниот координатор во рамки од 7 дена по завршувањето на соодветната фокус група
Потребни квалификации:
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на активности од зачеток до финално известување
- Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проектот)
Начин на аплицирање: Со испраќање на ваша кратка биографија на [email protected]
Рок на аплицирање: 05ти ноември, 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].
„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).