Дали си размислувал/а да ја посетиш Словенија на подолг временски период и во меѓувреме да се дружиш со луѓе кои имаат различни култури и традиции учејќи нови работи секој ден?
Младите можат отвара повик за млади (18-30 год) кои сакаат да учествуваат и придонесат во работата и активностите на деца и тинејџери со посебни потреби.
Ова е Еразмус+ волонтерски проект наречен Solidarity, каде преку присуство и соработка ќе ги учиме останатите, а ќе се надоградуваме и самите себе.
Главната цел на проектот, освен што е соработка со децата, е исто така и младите да учествуваат во една од следните две понудени задачи: спорт и попладневни активности за грижа.
Проектот ќе се случува од 1 ноември 2019 до 31 октомври 2020 во Љубљана, Словенија.
Волонтерот ќе учествува во предвидените активности од понеделник до петок (30/40 часа неделно), повремено за време на викендите, но се’ по претходно направен распоред и соработка.
Учесниците ќе имаат ментор кој ќе им помогне да се навикнат на новата околина. Исто така ќе имаат и координатор кој ќе ги следи преку неделни активности, ќе ги оценува нивните искуства во работата и учењето.
Волонтерите исто така ќе имаат шанса да водат свој проект, во зависност од нивните желби и мотивација. Секој волонтер ќе биде вклучен во курсот за словенечки јазик (преку Интернет или класичен курс).
Патувањето, градски превоз, сместување, трошоци за живот (храна) и здравствено осигурување (меѓународно осигурување Цигна) ќе бидат опфатени со проектот. Волонтерите исто така ќе добиваат џепарлак за секој ден од активностите.
Сите волонтери ќе добијат сертификат Youthpass.
За начинот на аплицирање и повеќе детали дознај повеќе на Solidarity – Infopack.
Доколку имаш дополнителни прашања, слободно пиши нѝ на [email protected]