Здружение на граѓани Младите можат отвора повик за комуникациски експерт или компанија која нуди комуникациски услуги, за изработка на комуникациска стратегија на Младите можат. Комуникациската стратегија на Младите можат има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на организацијата, како и да претставува долготраен механизам за комуникација со јавноста.

Задачи и одговорности:

Главните задолженија на експертот за комуникациска стратегија се следните:

  • Редовно да комуницира и да се координира во однос на својата работа со проектниот координатор
  • Да одржи три подготвителни средби со членовите на Извршната канцеларија на Младите можат за поставување цели на комуникациската стратегија
  • Да спроведе ревизија на комуникациските активности на Младите можат
  • Да изработи комуникациска стратегија и пропратни документи
  • Да дизајнира брошура со самата комуникациска стратегија
  • Да изработи документи за дисеминирање на активностите на организацијата во формат на билтени и годишни наративни известувања

Потребни квалификации:

  • Најмалку една година професионално искуство во стратегиски комуникации
  • Докажано искуство во изработка и имплементирање на комуникациски стратегии, работа со медиуми и соработка со граѓански организации
  • Вештини за креативно користење на традиционални и нови медиуми, искуство во односи со медиуми
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Вештини за тимска работа и флексибилност

Времетраење на ангажманот:

Избраниот експерт ќе биде ангжиран во периодот од 10.07.2019 година до 31.08.2019 година. Временската рамка на активностите е следната:

  • Одржување на средби со членовите на Извршната канцеларија (10.07.2019 – 20.07.2019)
  • Подготовка на првична верзија од комуникациска стратегија (до 10.08.2019)
  • Изработка на финална верзија од комуникациска стратегија (до 20.08.2019)

 

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот или компанијата
  • Предлог методологија за работа
  • Прилог со референци од претходно искуство
  • Финансиска понуда

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават своите понуди најдоцна до 05.07.2019 (23.59) преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Пријава за експерт за комуникации.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

Овој повик е дел од проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.

Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.

Проектот е финансиски поддржан од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]