Младите можат е во потрага по лице кое ќе биде задолжено за изработка на три промотивни видеа за потребите на организацијата. Целта на ангажманот ќе биде креирање на видеа со содржини од мисијата, визијата, структурата на Младите можат како и успешни програми и членството на Младите можат.
Главни задолженија на лицето ангажирано за креирање на видета ќе бидат:
- Креирање концепт и дизајн на 3 кратки видеа заедно со проектниот координатор
- Креирање на содржината и монтирање на деловите во 3 видеа
Потребни квалификации:
- Искуство во креирање видео во целосен циклус (дизајнирање, креирање и едитирање на видеото)
- Одлични вештини и потребна техника за креирање на видеа
- Вештини за монтирање (едитирање) на видеата, додавање ефекти и транзиции
- Одлични комуникациски и тимски вештини
Времетрањето на ангажманот ќе биде во периодот на јули, а на крај на јули треба да има изработени 3 кратки видеа во крајна верзија.
Сите заинтересирани лица можат да аплицираат со испраќање на кратка биографија, портфолио и предлог концепт на видеата (интервјуа, анимирано, влог итн.) на info@youthcan.org.mk најдоцна до 05.07.2019.
Овој повик е дел од проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.
Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.
Овој проект е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).