55 млади луѓе од 11 различни држави со различни култури и една прекрасна локација во Холандија. Ова се одликите на Еразмус+ младинската размена „Back 2 Basics” која се одржа во Омен од 27ми јули до 11ти август.

Младинските размени организирани преку Еразмус+ се проекти кои се спонзорирани од Европската Унија и им овозможуваат на младите помеѓу 15 и 30 години од различни држви да се запознаат, живеат заедно и да работат на краткорочни проекти благодарение на големата мрежа од невладини организации. Една од нив е Чери Фондацијата (Cherry Foundation), која воедно е и промотер на проектот „Back 2 Basics”, размена чија цел е да ги подобри социјалните, комуникативните и претприемачките вештини на учесниците преку превземање иницијатива и учество во разни креативни активности.

„Back 2 Basics” се фокусираше на личниот развој  преку развивање комуникациски вештини, комбинација од социјални однесувања и техники кои поттикнуваат интеракција истовремено во професионалните и приватните сфери. Исто така, проектот промовираше лидерство, личен равој и активизам преку креативен метод кој го овозможува неформалното образование. Учесниците во ниту еден момент не се почувствуваа како за време на училишните денови седејќи во клупа и слушајќи ги предавањата на професорите.

Напротив, тие се соочија со предизвикувачки ситуации од секојдневниот живот преку кои се поврзаа со самите себеси со цел да се прилагодат на останатите. Работилниците од овој тип не само што помогнаа во оформување пријателства и познанства, туку и ја зголемија свесноста за емпатија кон луѓето околу нив така што се фокусираа на доблестите, а ги оставија на страна мааните. Запознавањето со луѓе, излегувањето од зоната на комфорт, одбегнувањето на предрасудите и соочувањето со нови предизвици, овие млади луѓе се обединија за заедничка Европа, запознавајќи се со ново чувство на припадност. Ова искуство претставува водилка за идните работници и претприемачи кои нема да пренесат само идеи и мисли, туку истовремено и ќе бидат подготвени за превземање иницијатива.

За време на размената, учесниците научија многу за претприемништво, комуникација и кооперативни вештини, подготвувајќи се за последователните предизвици. Започнаа со „Предизвикот со киви“ кога учесниците беа поделени во групи и добија едно киви и добија задача да го заменат за нешто повредно. По неколку часа, тие се вратија не само со продукти, туку и со уникатно искуство. Но најважната активност која беше чувана во тајност се до последен момент го чекаше вистинскииот момент-младите имаа задача да кампуваат три дена во непозната средина, оставени само со велосипеди, шатори, вреќи за спиење и самите себеси. Тие беа „принудени“ да ја напуштат нивната комфорна зона, да запознаат нови луѓе и да ги замолат за основни услови за живот-храна и место за спиење за два дена. Резултатот ги изненади камперите бидејќи истите се стекнаа со незаборавно искуство од ова несекојдневна задача. Учесниците исто така имаа задача да се подготват за интернационална вечер, каде требаше да ја претстават својата држава во најдобро светло. Благодарение на овие вечери, учесниците ја посетија не само Холандија, туку дури единаесет држави.

На учесниците им беше доделен прашалник чиј фокус беше поставен на личниот развој- колку учесниците се саморазвија во текот на тие две недели. Кога беа прашани дали почувствуваа промена која се однесува на нивната самодоверба, лидерство, превземање иницијатива и јавно говорење, мнозинството го потврдија тој напредок. Повеќе од половина од учесниците се согласија дека нивната способност да превземат иницијатива, да се приближат на луѓе и да побараат поддршка е несомнено зголемен. 15 проценти од учесниците останаа исти, додека ниту еден од нив не почувствува влошување. Исто така, беа запрашани која е најважната вештина со која се здобија или подобрија. Одговорите беа различни, но најчести одговори беа самодоверба, храброст, инспирација да се соочат со проблеми и подобрување на комуникацијата со останатите.

Оваа размена несомнено им пружи неограничена поддршка на младите кои сега се подготвени за животот пред нив, пренесувајќи ги новостекнатите идеи и мисли во своите земји со цел да поттикнат иницијатива да го направат општеството подобро место за живеење.