Тимот од Делчево од програмата за локален активизам Младински локални иницијативи, како дел од својата иницијатива отвора повик за учество на фотонатпревар.

Фотонатпреварот е наменет за сите млади од општина Делчево, а младите активисти кои го спроведуваат ги повикуваат нивните сограѓани да ги постираат своите најдобри фотографии од мобилен или камера и да ги стават во колекцијата на најдобри фотографии на младинската локална иницијатива Делчево.

Темата на фотонатпреварот е Животот на младите во Делчево (луѓе, природа, архитектура, животни, случки итн) а единственото ограничување е фотографиите да не се претходно објавувани на други конкурси.
Сите кои сакаат да учествуваат на овој фотонатпревар треба да ги испратат своите фотографии на фејсбук страницата на Младинска локална иницијатива Делчево или на нивниот инстаграм профил: Младинска локална иницијатива – Делчево #младитеможатделчево

Рок за пријавување: 5ти јуни, 14:00

Награди:
– Прва награда – ваучер за бесплатен курс по странски јазик во Мастер – Центар за странски јазици Делчево
– Втора и трета награда – благодарница од Младите можат – Youth Can

Спонзори на фотоконкурсот се Мастер – Центар за странски јазици Делчево и Фото Цоби Делчево.

Младинската локална иницијатива во Делчево е дел од програмата за локален младински активизам на тековниот проект на Младите можат, „Академија за младински активизам“ и истиот е поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.