Годинава не многу работи беа по план и нема да редиме што е тоа што можеше и требаше да се случи. Но, затоа се случија многу други работи кои ни овозможија поинакво видување на светот, кои ни ги отворија очите и не поттикна да имаме малку поинаков пристап кон нашето секојдневие.

Горнава реченица во целост соодветсвува и на нас, нашиот поинаков пристап има за цел да ти овозможи да си го кажеш тоа што го мислиш, да споделиш во што веруваш, да го тргнеш тоа што ти лежи на срце, да им покажеш на другите дека ти можеш да бидеш дел од позитивните промени. Но, за што зборуваме?

Да не те држиме во неизвесност, нашата голема новост е пуштањето на нов персонализиран merchandise кој што е направен токму за тебе, воедно е еколошки, само-одржлив, локален и рачно произведен. Можеби се ова ти звучи како клише и се прашуваш што е новоста, како сме поинакви од другите? Тоа што е различно е каде ти одат парите кога ги купуваш нашите производи.

Кога купуваш од некоја продавница, бренд и слично, дел од парите секако одат за производство, додека останатото е профит, секако тоа е кул зошто на тој начин кога работиме можеме да бидеме финансиски независни. Но, ние сакаме да поттикнеме некој друг да биде финансиски независен. Парите што се трошат за производство се тие, но преку купување на нашиот merch тие средства одат кај локални само-одржливи организации кои воедно се стремат да стана социјални претприемачи. А што станува со профитот? Профитот исто така ни овозможува да бидеме финансиски независни, но овој пат финансиски независни се младите активисти. Преку купување на нашите производи сите финансии кои нема да бидат потребни за изработка на нови производи ќе станат дел од фондот за реализација на младински иницијативи во рамки на членството на Младите можат. Тој фонд ќе им овозможи на младите да си го кажат тоа што го мислат, но и да иницираат промени за истото, односно да превземат акција. Дали тоа ќе биде акција за подобрување на образованието, за зголемување на интересот за волонтирање, за подобрување на состојбата со менталното здравје кај младите или пак за нешто сосема десетто, тоа оставаме на тебе. Ќе видиш, секој дизајн, односно реченица на дуксерите, банданите, тоте торбите, стикерите и беџовите останува недовршена, зошто не е на нас да ја довршиме – ТИ ќе имаш можност да го направиш тоа заедно со нас, откако ќе ја направиш твојата прва нарачка.

Погледни ги сликите, одбери го дизајнот што најдобро ја отсликува твојата мисла.

 

Цените на производите може да ги видиш под сликите во галеријата.

 

За секоја нарачка над 3 производи добиваш 10% попуст. Дополнително секој член на Младите можат, без разлика на бројот на производи што ќе ги купи добива 10% попуст.

 

 

*Проектот е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, а поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.

[huge_it_portfolio id=”7″]