[Повик за млади NEETs] Програма за кариерно насочување “Leave the Shadow”

“Choose a job you love, and you will never have to work a day in your life.” —Confucius

Се наоѓате на голема раскрсница и не можете да се одлучите во кој правец да тргнете? Имате дилеми која кариера да ја одберете? Се уште не ги препознавате сите ваши квалитети? Младите можат ви нуди можност да ги пронајдете вистинските одговори на овие прашања и да ја напуштите сенката!
За да се разрешат овие дилеми, Младите можат ќе им овозможи на 20 млади кои не се во никаков процес на образование, вработување или обука да учествуваат во програмата “Leave the shadow”.

Целта на овaa програма е да се развие разбирање на потребите, интересите, вредностите, талентите и амбиции во поглед на образование, вештини, вработливост и работа на младите преку вкупно 12 дена на работа на себе со помош на искусни обучувачи.

Програмата содржи 6 модули на обуки, секој модул со времетраење од два дена во кои 20те учесници ќе имаат можност да се стекнат со вештини кои би им користеле при вработување, ќе креираат лични кариерни планови, ќе добијат поголема свест за себеси и визија за понатамошната кариера и кариерен пат.
За успешно завршување на програмата, воедно и добивање на потврда за истата, потребно е присуство на секој учесник на сите 12 дена од програмата.
Модулите е предвидено да се одржуваат во периодот јануари – февруари 2020 година.

Фацилитатори на модулите се:
Горазд Смилевски, основач и генерален менаџер на Бизнис Академија Смилевски
Маја Смилевска, консултант со над 10 години работно искуство во областа на јакнење на индивидуални
Марија Стефанова, психолог, психотерапевт во Психолошко советувалиште и консултативно едукативен центар Петар Пан – капацитети
Никогаш не е доцна, со јасна цел и силна мотивација може да постигнете повеќе за неколку години отколку што би постигнале за цел живот. Најголемата можност да успеете е доколку секогаш се обидувате уште по еднаш. Најголемата слабост лежи во откажувањето. Ве мотивираме да не се откажувате, искористете ја оваа можност и аплицирајте веднаш!

Оваа програма е дел од проектот „Чекор кон кариера од соништата“ имплементиран од Младите можат и поддржан од WEB4YES и Европска Унија.

Аплицирајте со пополнување на апликацискиот формулар на овој линк и негово испраќање најдоцна до 01.01.2020.
Доколку имате дополнителни прашања обратете ни се на [email protected].