Сакаш да помагаш на луѓето околу тебе? Сакаш да направиш промена? Доколку сакаш да волонтираш – ова е одлична шанса за тебе!
Младите можат споделуваат можност за волонтирање во Петриња, Хрватска. Волонтирањето започнува во моментот кога волонтерот ќе биде целосно подготвен да замине, додека пак завршува на 30.09.2019 година.
ЕВС проектот „Solidarity at hand“ е наменет за ранливи групи граѓани со активности кои би го подобриле квалитетот на живот. Проектот предвидува организирање активности за постари, луѓе со нарушено ментално здравје, млади, малцинства и деца од училишта.
Некои од задачите на волонтерите ќе бидат:
- Работа со ранливи групи на население од Петриња
- Организирање настани за постари и лица со ментално нарушување
- Граѓанско образование во рурални основни училишта
- Работа во Инфо и Волонтерски центар
- Организирање забавни активности како проекција на филм, играње бинго, социјални активности и слично.
Association for promotion of IT, culture and coexistence (ICC) e организација домаќин на овој ЕВС проект. Основана во 2003та година, работи на охрабрување на грашаните со развој на чуство на одговорност и преземање иницијатива за подобрување на целото општество. Визијата на организацијата е похумана, демократска средина во која ICC е генератор на промени и позитивни идеи.
Организацијата ви овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по хрватски јазик. Како дел од прoектот ќе имате можност да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.
Доколку си од 18-30 години, го познаваш англискиот јазик – можеш да аплицираш уште сега!
Детални информации околу волонтирањето можеш да најдеш на овој линк.
Аплицирај на [email protected] со испраќање на CV и мотивациско писмо (должина – една А4 страна максимум) на англиски јазик.
Рок на пријавување: 18.11.2018 (Недела) до 23.59 часот
Доколку имаш дополнителни прашања, пиши нѝ на [email protected] .