Повик за учесници на фокус групи на тема „Потреби на младите на локално ниво“ во општина Велес

„Идентификувај Инспирирај Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Во рамките на проектот Младински локални иницијативи, поточно во неговата прва фаза Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе во Велес се соочуваат, Младите можат објавува повик за учесници на фокус групи во општина Велес.

Фокус групите во Велес ќе се одржат на 16и ноември, петок, во следните термини:

  • Прва фокус група – 12:30 – 13:30
  • Втора фокус група – 14:00 – 15:00

Потребен профил на учесници: Млади на возраст од 15 до 29 години, жители на општина Велес

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликацискиот формулар достапен на овој линк: https://goo.gl/forms/IkpuzWbLYDo7Qlyv2

Целта на истражувањето е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во двете општини соодветно. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на тримесечни локални младински иницијативи за застапување.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).