Сите ние секојдневно се соочуваме со проблеми, предизвици и ситуации кои ни предизвикуваат секакви емоции и мисли. Најчесто тие се добри и позитивни, но ги има и лошите, стресните, oние за кои никој не сака да разговара. Одредени емоции и размислувања се скриени кај секој од нас затоа што нашето општество ги гледа како чудни, нереални и несериозни. Главен пример може да претставува посетувањето психолози и психотерапевти. Тоа во светот е многу здрава и нормална навика, а тука пред нашите очи тоа е претставено како „болест“.

Токму заради вакви случаеви тимот за ментално здравје формиран од девојки на различна возраст во рамки на активното членство на Младите можат, со различни перспективи и размислувања, но сепак со иста цел, се одлучи за организирање на прв настан наречен Go Nuts. Целта на ова е на еден неформален начин да пристапиме до луѓето, објаснувајќи дека менталното здравје е доста важно како и подигнување на нивната свест за менталната култура, со што поканивме три психолози кои ќе бидат отворени за дискусија и прашања во кафе бар со пријатна атмосфера. За овој настан ги вклучивме и многу користените социјални мрежи и делењето креативни флаери. Како целна група ги одредивме сите од 15 години и повозрасни, односно сите кои се доволно свесни и љубопитни за важноста на оваа тема. Покрај овој настан ќе се спроведе и кампања на социјалните мрежи со различни содржини поврзани со ментална култура и здравје со цел да се актуелизира темата и да е стигне до што поголем број на млади. За во иднина подготвуваме и други уште поинтересни и инспиративни активности кои се надеваме дека ќе успеат да ги прошират и збогатат размислувањата на луѓето во врска со менталното здравје и важноста на истото.

Оваа иницијатива е во рамки на активното членство на Младите можат и истата е имлементирана од 8 активни членови во периодот од март до мај.