Во текот на месец Мај , тимот на ,,Безѓубрија“ реализираше герила акција во Општина Карпош која имаше за цел да ја подигне свеста кај локалното населените за заштитата на животната средина, справувањето со оптадот и потребата од селектирање и рециклирање на истиот.
Со изработката на информативни постери кое го привлекуваат вниманието на граѓаните и имаат еколошка порака и со поставување на истите на видни површини на територија на Општина Карпош, тимот се надева дека ќе успее да ги информира граѓаните и да им ја предочи важноста за зачувување на околината и последиците од фрлањето отпад.
„Безѓубрија“ е иницијатива која се спроведува од страна на тим од млади луѓе кои живеат на територијата на општина Карпош и е дел од програмата за локален активизам на Младите можат „Младински локални иницијативи“. Програмата е компонента на тековниот проект на организацијата, „Академија за младински активизам“ кој е поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.