Engaging Marginalized Youth for Sustainability (EMYS) е двогодишен проект чија главна цел е да се мотивираат и зголемат капацитетите на младите луѓе да станат креатори на промени и да имплементираат иницијативи не само во нивните заедници, туку и на европско ниво.
Цели на проектот:
- Да се создадат мрежи и коалиции меѓу младинските организации, младите луѓе и активистите на младинските движења низ ЕУ
- Да се поддржат младите во креирањето на иницијативи и проекти предводени од млади
- Да се поттикнат маргинализираните и недоволно застапените млади да станат информирани носители на одлуки и креатори на промени во своите заедници
- Да се промовира транскултурна соработка како решение за глобалната криза од климатските промени
- Да се истражат и развијат методи и техники за неформално образование
- Да се негуваат компетенциите за лобирање и застапување кај младите
- Да се подобрат меѓусекторските иновации и соработката со младите
Што ќе се случува?
Обука за одржливост, младинските лидери и амбасадори ќе бидат обучени за методологии на неформална едукација, design thinking и вештини за фацилитација.
Развивање на Sustainability Toolkit кој ќе вклучува техники за фацилитација, генерирање и осмислување идеи, техники за неформална едукација, застапување и лобирање, менаџерски вештини, како и обука за застапување и лобирање.
Локални групи за застапување кои ќе бидат составени од претставници и активисти на младински движења на заедницата, кои ќе бидат обучени и овластени да започнат и/или да го подобрат нивното застапување.
Консултативни состаноци со носителите на одлуки и политичарите на локално ниво за да се истражи нивното гледиште за различни прашања поврзани со младинското учество во демократскиот живот.
Јавни дебати: ќе се организираат настани за значењето, придобивките и реалноста на активното граѓанство и младинското учество за младите во ЕУ.
Настан за младинско вмрежување чија цел ќе биде да се разменат добри практики и да се олесни целта за создавање мрежи меѓу младите, имплементација на заеднички активности и зајакнување на младинското учество.
За кого е наменет овој проект?
- Млади од 18 до 35 години
- Младински амбасадори, младински работници, младински организации/совети/центри и движења на младинската заедница
- Носители на политики/одлуки и јавни организации