Дали сакаш да бидеш шизик во заедницата? Дали сакаш да учествуваш на натпревар за намалување на отпад, дали сакаш да се дружиш и разменуваш книги и облека или пак можеби сакаш да дознаеш нешто ново на инфо-штандовите?
Ако ти „фаќа око“ некоја активност, пат под нозе и дојди на нашиот настан!
Младинската иницијатива ViridiQ спрема одлична работилница за тебе во овие долги летни денови!
Живеење без отпад не е само стил на живеење, туку тоа претставува филозофија на живеењето.
Што значи тоа? – Користење на производи кои би биле реупотребувани, би биле долготрајни и би се рециклирале, како и купување на производи кои би ги задоволиле нашите основни потреби.
Нашиот трисегментен настан ќе се одржи на 15.07.2018, недела, во Градскиот Парк (кај Школка) каде ќе може да освоите кул награди, да научите куп нови работи или пак да се подновите со кул книга за на плажа или парче облека!
Која е целта?
Токму на оваа работилница ќе научиш како подобро да делуваш за намалувањето на отпадот, ќе стекнеш знаења како подобро да се справиш со истиот. Ќе имаш можност да учествуваш на размената и да оставиш или земеш книга или пак да донесеш некое парче облека. Ќе контактираш со еколошки свесни луѓе и ќе се запознаеш со можностите кои тие ги нудат во твојот град. Ќе научиш како на забавен начин и преку игра можеш да се мотивираш и успешно да ги поминеш предизвиците.
Право на учество имаат сите млади над 15 години кои сакаат да ги позеленат своите навики и дирекно да придонесат кон заштита на животната средина.
Краен рок на пријавување: 13.07.2018, петок, 20:00
Начин на пријавување: Пополнување на апликацискиот формулар на овој линк
Зошто има потреба од ваков вид на обука?
Отпадот кој го создаваме завршува на депониите кои ја контаминираат почвата, дел од исцедоците завршуваат во водните површини и во воздухот кој секојдневно го дишеме. Освен што ја загадува природата тој влијае негативно и од економска гледна точка бидејќи сите набавени ресурси во нашите домови не се искористени пред истекот на рокот. Од друга страна пак секоја година во светот се призведуваат вкупно 4 милијарди тони храна, а во отпад завршуваат 33% од нив, Македонија е земја во која 450.000 лица не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден.
Кога ќе го пресечеме последното дрво, кога ја уловиме последната риба и кога ќе ја загадиме последната река, конечно ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари!
Идејата за овој настан е победничката идеја на натпреварот „Ослободи ја идејата“ кој се одржа на 06ти јуни. Нејзината реализација е дел од проектот Академија за младински активизам, поддржан од германската фондација „Schuler Helfen Leben”.