Во периодот Септември-Ноември 2015 година, фондацијата Конрад Аденауер во соработка со здружението на граѓани Младите можат го спроведе првиот пилот-проект за зајакнување и градење на капацитетите на постоечката Училишна заедница на гимназијата “Никола Карев” во Скопје. Целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата. Во овој проект учествуваа 25 ученици претставници на Училишната заедница. Учениците…