[ЈАВЕН ПОВИК 10/24] За ангажирање на тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје за потребите на проектот ‚‚All for You(th)‘‘, финансиран од Европската комисија
Вовед Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за млади кои претходно имаат искуство во неформално образование и граѓански сектор. Опис на работен ангажман Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи: Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);…