[ЈАВЕН ПОВИК 01/26]За избор на надворешен соработник – истражувач за потребите на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ поддржан од Цивика Мобилитас
Младите можат во партнерство со Супортко Кочани започнуваат со имплементација на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ поддржан од Цивика Мобилитас, чија цел е да се развие и институционализира национален модел за младинско управување со кризи, заснован на партнерство меѓу младинските центри, граѓанскиот сектор и релевантните институции. Проектот започнува во јануари, 2026година и подразбира креирање на Национален протокол за управување со кризни ситуации за млади, кој ќе биде изработен врз основа на резултатите од национално истражување…

