Зошто се одлучив да пишувам на овие теми?
Кога станува збор за анкциозноста и депресијата пишувам затоа што сметам дека се проблем на 21 век иако постоеле откако постои и цивилизацијата , проблем кој со себе го носат товарот на модерното време и борбата за живот. За насилството не можам тоа да го кажам со оглед на фактот што долго време се занимавам со правото и сметам дека од секоаш ја имало и ден денес постои, некаде во поглеми размери некаде во помали размери.
Да започнам со анкциозноста и депресијата. Пишувам анкциозност и’ депресија не затоа што сметам дека овие два проблеми кои што го зафаќаат човековото тело и не само него во понатамошното излање ќе пишувам за тоа дека и животните страдаат од еден вид депресија ги пишувам заедно од причина што многу луѓе не прават разликамеѓу анкциозноста и депресијата па сметаат дека се една иста или слична проблематика.
Да бидам реална ниту јас се додека не решив да истражувам не бев доволно запозната.
Терминаот депресија честопати се користи погрешно. Неретко може да слушнеме како некои личности се жалат дека се „во депресија“ само поради тоа што се растажиле за одредена случка .Депресијата е многу посериозна отколку што многумина си замислуваат. Тоа е состојба од која не се излегува преку ноќ и која не се надминува со охрабрувачко тапкање по грбот.
Но да почнеме…
Депресија – состојба на нерасположение и незаинтересираност за активност која може да влијае врз мислите, однесувањето и сл. Депресивните луѓе можат да се чувствуваат тажни, вознемирени, безнадежни, безвредни, виновниитн.Тие можат да го изгубат интересот за активностите кои некогаш им биле пријатни, имаат проблеми со концентрација, помнење на детали и може да размислуваат, да се обидат или да извршат самоубиство.
Дефиницијата гласи вака, и со ова таа најчесто се поврзува со тагата, но дали е тагата всушност депресија ?!
Депресијата најчесто се поврзува за чувство на тага, меѓутоа претставува многу повеќе од обична тага. Некогаш кога сме нерасположени релативно кратко време, тоа не претставува депресија. Постојат периоди во животот кога човекот е тажен поради некоја загуба, смрт на блиска личност, роднина, емоционална загуба, но таа тага трае кратко и постепено слабее. Тоа не претставува депресија. Но, ако тагата се појави без причина, не е сразмерна на причината, не престанува и повторно се враќа, ако на човек му е тешко да работи, да спие, не може да му се радува на животот, тогаш тоа не е обична нерасположеност, туку е депресија.
Според некои истражувања на депресивна личност можеме да и помогнеме, со тоа што ќе бидеме на нејзина страна, да ја прифатиме депресијата дека е сериозна болест и да не ја игнорираме и сл.
Многумина се прашуваат дали нивните кучиња страдаат од депресија. Одговорот е потврден. Докажано е дека кучињата имаат широк спектар на емоции, како среќа, возбуда, гордост, срам, непријатност, љубомора. Кучињата низ животот создаваат свои навики кои и не сакаат понатаму да ги менуваат. Доколку се јават драстични промени во нивното опкружување, многу е веројатно дека ќе се почуствуваат вознемирени. Продолжената вознемиреност или анксиозност доведува до депресија. Всушност секоја промена е причина број еден за депресија кај кучињата.
Анксиозност е чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Анксиозноста се манифестира преку повеќе физички и психички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни, а често се јавува во комбинација со други болести, особено со депресија. Според некои процени, дури 10% од населението страда од некоја форма на анксиозност.
Психолошките симптоми на анксиозноста се претерана плашливост и загриженост, ослабена концентрација, раздразливост, лесно заморување, слаба меморија, забрзана работа на срцето, стегање во градите, потешкотии во голтањето („кнедла во грлото“),преувеличување на доживувањата, тешкотии во спиењето во смисла на несоница.
Многу малку луѓе се спремни да го прифатат фактот дека страдаат од анксиозност.
Многу од нив анксиозноста ја кријат позади чувството на физичка непријатност, како што е срцебиење и замор, некои ја кријат позади бројните стравови кои им изгледаат реални и оправдани. Точната причина за анксиозноста не е позната, но постојат многу фактори што можат да го поттикнат развојот на анксиозноста. Разните трауми или стресни моменти во текот на животот, смрт на блиска личност, развод, промена на работното место, промена на местото на живеење – може да предизвикаат анксиозност.
Иако се оранизиираат мноу кампањи поврзани во борбата за насилство , со особено жалење можам да кажам дека се уште постои , иако во сите тие залаања гледам светла точка дека можеби еден ден веќе нема да постојат….. – нема да постојат колку тоа убаво звучи и изледа.
Што е насилство? Постои секаков вид насилствво насилство врз деца, жени , мажи животни, семејно насилство сексуално и тн.
Насилството претставува сериозно кршење на човековите права!
Поради ограниченоста на зборовите ќе кажам по неколку реченици за некои од нив.
Кога се работи за децата и адолесцентите најкревките битија истражувањето покажува што биле жртви на висок степен на насилство, или пак на неколку видови насилство доаѓа до тешки последици во развојот на нивниот мозок. Ваквите состојби најчесто резултираат со сериозни проблеми во нивниот понатамошен живот, пред сè, посегнување по дрога ,криминал, а дури 50 проценти од нив би можеле да извршат самоубиство.
Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство: „насилство врз жените“ се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.
Исто како и жените и мажите можат да бидат предмет на семејно насилство. Иако многу често не се пријавени, ваквите случаи можат да предизвикаат стрес, депресија и убиствени нагони кај мажите.
Исто така сведоци сме на огромно насилство кое се прави на животните. Тој факт е навистина мноу жален, а уште по траичен е фактот што ние не превземаме ништо во врска со тоа,сосекоја чест на исклучоците. Луѓето ги сметаат животните за обични предмети , и продаваат, и употребуваат во борби како со нив би заработиле пари и да не зборувам за друите видови насилства кои се прават над нив, а сите ние горе долу сме свесни иако не сакаме јавно да признаеме и даги спречиме.
Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност насилство кон постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
Сексуално насилство – насилство кое трпи мноу последици а една од нив е депресијата
– употреба на физичка сила за да се присили личност да има сексуална активност обид за сексуална активност или направена сексуална активност
– навредлив сексуален контакт.
Да расчистиме постојаниот стрест , анкциозност водат до депресија, разните видови насилства водат до депресија, а депресијата пак води повторно кон насилсво ( се разбира ова е е од пресудно значење за да една личност да посегни по насилен чин , би било навистина апсурдно ) , но како една од симптомите кои што ги има личноста која страда од депресија е: бесот, лутината или насилството.
 —
Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.