Драги родители и деца,
Ви најавуваме интересна можност за заедничка дружба и малку физичка активност со вашите најдраги. Во рамки на првиот фестивал за женско здравје „Јас сум…“ кој ќе се случува на 19 мај 2024 (недела) организираме и трка за родители и деца. Целта е трката да ја завршите заеднички со вашето дете (во пар). Секој пар ќе добие маичка за родителот, капче за детето, освежување и налепница со број.
За сите учесници ви подговивме групно загревање со Елена Бубало од 12 часот, додека пак официјалниот стар на трката е од 12:30 часот.
Повеќе информации за целиот фестивал може да најдете на следниот линк.
Критериуми за учество:
- Учество на еден родител и
- Учество на едно дете на возраст од 0 до 12 години
Што ќе добијат победниците? – За првите три места се предвидени сетови награди кои вклучуваат производи од нашиот поддржувач dm drogerie markt и ваучери со попуст за нутриционистичко советување, индивидуални сесии со психолог, советување со диетотерапевт, арт и експресивна терапија и уште неколку интересни изненадувања.
Колкава е патеката? – Патеката се протега на должина од 2 километри на земјан пат во Парк шумата Гази Баба. Локацијата на патеката може да ја најдете на следниот линк.
Како можам да се пријавам? – Пријавувањето е отворено до 15 мај до 23:59 часот преку пополнување на формулар на следниот линк. Учеството на трката е отворено, односно не е предвидена котизација за учество.
За сите ваши дилеми и прашања може да се обратите на [email protected] или на 072/226-602.
Со особена радост ве очекуваме!
Реализацијата на овој проект е овоможена од dm drogerie markt.