Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг “EMYS Youth Networking Event“ од 01.12-05.12.2023 во Никозиа, Кипар
Овој тренинг е дел од проектот Engaging Marginalized Youth for Sustainability (EMYS) чија цел е да се мотивираат и зголемат капацитетите на младите луѓе да станат креатори на промени и да имплементираат иницијативи не само во нивните заедници, туку и на европско ниво.
*можеш да прочиташ повеќе за EMYS проектот на следниов линк.
Детали за настанот:
- 55 учесници од 5 различни земји
- Целта е размена на добри практики на полето на младинско застапување и лобирање
- Создавање на мрежи меѓу младите
- Спроведување на заеднички европски активности
- Зајакнување на младинското учество на локално и регионално ниво
- Шанса учесниците да дознаат за проектите за солидарност и другите можности за локално финансирање за поддршка на младински проекти
Профил на учесници:
- 10 Млади од 18 до 30 години (1 тим лидер и 9 учесници)
- Младински амбасадори, младински работници, младински организации/совети/центри и движења на младинската заедница
- Одговорни и активни млади
- Заинтересираност и желба за подобрување на својата заедница
- Со добро познавање на англискиот јазик
* Храната, сместување и превоз се покриени од страна на организаторот.
Инфо пакет за тренингот е достапен на следниот линк.
Доколку сметаш дека ги исполнуваш условите и си подготвен/а да земеш активно учество во текот на целиот тренинг/проект, пријави се на следниов линк.
Рокот за аплицирање е до 02.11.2023, до 23:59 часот.
За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 078 31 39 31.