Сметаш ли дека токму преку соодветна критика можеш да промениш нешто во твоето опкружување? Сакаш да стекнеш вештини за аргументирано пишување и критичко размислување и да се запознаеш со најновите форми на новинарство?

Ако одговорот е да, тогаш си на вистинското место.

Здружението на граѓани Младите можат објавува повик за учесници на тренинг обуката „Преку суштинска критика до видлива промена“ кој се организира во рамките на проектот „Се за младите“, спроведуван од Младите можат, а со поддршка на Европската унија.

Цел

Целта на тренинг обуката е преку практични примери и вежби учесниците да се стекнат со вештини за медиумска писменост и аргументирано пишување назначувајќи ја важноста на критичката мисла во насока на создавање на потенцијално решение за креирање на видливи промени во општеството. На самата обука ќе бидат опфатени теми за  најновите форми на новинарство следејќи го токму трендот на интернет еволуцијата во областа на новинарството.

Начин и период на одржување на тренинг обуката

Обуката ќе биде спроведена во три дела:

  • Првиот дел опфаќа интерактивна работилница која се состои од 4 предавања во период од 9.11.2023 до 17.11.2023 во просториите на Млади Хаб во попладневните часови односно од 17 часот до 20 часот на следните теми :
  1. 09.11 (четврток) – Медиумска писменост за новинари, европски стандарди и регулација на медиуми;
  2. 10.11 (петок) – Критичко мислење: препознавање на стереотипи, предрасуди, говор на омраза, лажни вести, дезинформација манипулација, пропаганда, препознавање на политичко убедување;
  3. 14.11 (вторник) – Вештини за Е Новинарство – пишаната комуникација во дигитална средина: мобилно новинарство, граѓанско новинарство, solution journalism;
  4. 16.11 (четврток) Аргументирано пишување во жанр – вести, извештај, статија, интервју, колумна, фото сторија, раскажување на приказна, блог;
  • Вториот дел опфаќа три неделна практична работа или подготовка на истражување од страна на тимови кои ќе бидат оформени на првата обука, а под менторство на предавачот на тренинг обуката.
  • Третиот дел се состои од официјален настан за презентитрање на истражувањата како продукт на тренинг обуката.

Обучувач на тренинг обуката

Обуките ќе бидат реализирани од страна на професор д-р Јасна Бачовска Недиќ. Професор д-р Јасна Бачовска Недиќ е редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во научна област воведни и теоретски правни науки.

Што после тренинг обуката?

По завршување на тренинг обуката учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество и ќе имаат можност нивното истражување кое ќе биде презентирано на крајот од обуката да биде објавено во списание.

Критеиум за избор на учесници: 

– млади од 15 до 25 години

– студенти на новинартсво или општествени науки

– средношколци

– сите останати млади кои сакаат да стекнат вештини за аргумернтирано пишување, критичко размислување и за нови форми на новинарство

– можност за учество на сите обуки

Начин на пријавување

Преку пополнување на формуларот достапен на следниот линк:

 Краен рок на пријавување:  01.11.2023