Во периодот од 12ти до 28ми ноември спроведовме натпревар за Најдобра фотографија од Social Day каде вкупно учествуваа 64 фотографии. Гласањето се одвиваше преку инстаграм стори каде беа избрани двете најдобри фотографии.
Најмногу гласови доби фотографијата на Анастасија Серафимовска. Таа беше волонтер во компанијата UNET на работната позиција web designer.
2-ро место доби фотографијата на Мина Здравевска која беше волонтер во бутикот за венчаници Лебед.
Разговаравме со Анастасија и Мина за да ни го споделат своето искуство за Social day и да ни кажат како си поминаа на своите работни позиции.
Еве што ни сподели Анастасија:
Што ти остави најголем впечаток?
Најголем впечаток од моето искуство на Social Day 2022 ми остави процесот на веб дизајн кој беше презентиран од една од вработените во компанијата УНЕТ. Друго нешто што ми се допадна беше хемијата и соработката на вработените и атмосферата која беше воедно и работна и релаксирачка.
Кои беа предизвиците со кои се соочи како волонтерка на Social day?
Во текот на целосното искуство не се соочив со тешки предизвици, но еден мал предизвик беше одржување на фокусот за време на работните часови. Фокусот е главна компонента за успешно и полесно извршување на работните обврски што треба секој работник да го поседува за да биде успешен во својата професија.
Што научи на Social day?
Social day ме научи да се занимавам со професија согласна на моите желби и зацртани цели, а воедно и на мојот карактер и талент, да бидам тимски играч, но и да знам индивидуално да завршам работна обврска, да имам добри комуникациски вештини – да знам течно и лесно да ги искажам своите ставови и знаења поврзани со разноразни проблеми и предизвици застапени во околината па дури и пошироко и да бидам секогаш отворена кон нови знаења, информации и успеси со кои за чекор ќе бидам поблиску до својата цел.
Какво искуство претставуваше за тебе Social day?
Social day е искуство кое ми помогна да видам како изгледа еден работен ден во една компанија, општо како вработените наоѓаат решенија за различни предизивици и како нивното време поминува со дадените работни обврски, тимска работа и дружба за време на паузи.
Зошто е добро младите да бидат дел од Social day?
Social day претставува супер можност за секоја млада индивидуа да го доживее тој „живот на возрасните“ што го чека во неговата иднина, да дознае дали одредена професија е во согласност со нивните очекувања или не, помагајќи им да се пронајдат себеси во некоја професија што навистина ќе им се допадне и ќе се совпаѓа со нивниот карактер, таленти и цели и воедно ќе има позитивно влијание во општеството.
Мина ни кажа дека ова искуство и ја поттикнала креативноста:
Што ти остави најголем впечаток?
Најмногу ми се допадна тоа што бев дел од многу интересен проект и бев сместена на многу креативна работна позиција на која што научив премногу значајни и интересни работи.
Кои беа предизвиците со кои се соочи како волонтерка на Social day?
Како волонтерка во салон за венчаници се соочив со мојата креативност и способност, пробувајќи да смислам нешто ново и интересно и да ги искажам своите идеи поврзани со шиењето и украсувањето на венчаници.
Што научи на Social day?
На Social day научив како креативноста и упорната работа носат прекрасни резултати.
Какво искуство претставуваше за тебе Social day?
Ново и преубаво искуство кое што може да помогне на многу млади и кое долго време ќе го споделувам со пријателите и ќе ги поттикнам и самите да учествуваат на вакви проекти.
Зошто е добро младите да бидат дел од Social day?
Тие би ги откривале своите интереси и би се соочиле со своите скриени креативност и талент, би се соочиле со големо искуство во реалниот свет и би запознале нови пријатели, а и луѓе кои што имаат преголемо знаење кое што го пренесуваат на младите.