Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг “EMYS Sustainability training“ од 06.11-11.11.2022 во Виена, Австрија.
Овој тренинг е дел од проектот Engaging Marginalized Youth for Sustainability (EMYS) чија цел е да се мотивираат и зголемат капацитетите на младите луѓе да станат креатори на промени и да имплементираат иницијативи не само во нивните заедници, туку и на европско ниво.
*можеш да прочиташ повеќе за EMYS проектот на следниов линк.
Со овој тренинг младите, младинските лидери и амбасадори ќе се обучат за методологиите на неформалната едукација, ќе ги подобрат нивните компетенции за фацилитација, застапување и лобирање.
Преку учество на овој тренинг ќе ги зголемиш твоите вештини и ќе и помогнеш на твојата организација да понуди поширок спектар на едукативни понуди прилагодена на потребите и можностите на маргинализираните групи.
Вештини кои ќе ги развиеш за време на тренингот:
- Техники за фацилитација, застапување и лобирање
- Генерирање и осмислување идеи
- Design thinking техники
- Менаџерски вештини
- Работа во меѓународни тимови
Профил на учесници:
- Млади од 18 до 35 години
- Младински амбасадори, младински работници, младински организации/совети/центри и движења на младинската заедница
- Одговорни и активни млади
- Заинтересираност и желба за подобрување на својата заедница
- Со добро познавање на англискиот јазик
* Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз се рефундираат во вредност до 300 евра.
Доколку сметаш дека ги исполнуваш условите и си подготвен/а да земеш активно учество во текот на целиот тренинг/проект, пријави се на следниов линк.
Рокот за аплицирање е до 17.10.2022, до 23:59 часот.
За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 071 779 381.