Младите можат, но за да можат повеќе потребна им е поддршка од возрасните. Особено од тие со кои што најчесто се среќаваат, нивните наставници.
Како организација работиме со младите на нивното ментално здравје веќе подолг период преку програми каде што најчесто пренесувањето на информациите се случувало од врсник на врсник, но оваа година креираме пилот програма за класните раководители и стручната служба во средните училишта.
Почнувајќи од 29.08 до 06.09 спроведовме обука од 8 модули која им овозможи на 20 наставници (класни раководители) и 5 претставници од стручната служба во училиштата да се подготват за спроведување на програма за ментално здравје во склоп на редовната наставна програма на училиштата. Програмата им овозможува на наставниците и стручната служба да научат како да пристапат во нивната работа преку различни вежби и активности со нивните ученици и да работат на менталното здравје на младите.
Обуката опфати 9 теми, кои се всушност и деветте модули преку кои наставниците ќе работат со учениците во нивното училиште:
- Поставување на цели
- Ефективна комуникација
- Булинг и меѓуврсничко насилство
- Ослободување од стрес
- Менаџирање на лутина
- Пријателство
- Самодоверба
- Мотивација
- Здрави навики и секојдневни рутини
Училишта кои учествуваат во програмата се СУГСГ „Раде Јовчевски-Корчагин“, АСУЦ „Боро Петрушевски“, СУГС „Георги Димитров“, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и СУГС „Димитар Влахов“.