Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или групи со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење и начинот на фукнционирање.- ова е премисата по која новите ментори во Младите Можат ќе ги реализираат своите менторски процеси.
На 23ти и 24ти Јуни, во канцеларијата на Младите Можат се одржаа обуките за новите ментори во Младите Можат. Менторството во Младите можат не е начин за да и се наметне и каже на групата како да ја постигне целта. Менторството е градење на однос со групата и индивидуите каде што менторот ја поттикнува групата самата до дојде до решението за остварување на целта.
На самиот почеток од обуките, менторите беа запознаени со работата на Младите Можат и какви активност се реализираат во последните 6 месеци. Тоа беше клучен момент бидејќи по завршување на обуките, менторите ќе ги менторираат токму тие активности.
Во текот на двата дена обука, беа опфатени следните теми:
- Вовед во менторство
- Улоги на менторот
- Менторски процес
- Основи на тимска работа
- Улоги во тим
Стекнувањето на менторски вештини е најважното за менторот да може на вистински начин да ја извршува својата функција. Со долгогодишното искуство, јасно ни беше дека теоретскиот дел не е доволен, па токму затоа најголем дел од обуката беше насочена кон практична примена на менторските вештини. Преку реални ситуации и проблематики со кои би се соочиле, менторите мораа да ги применат стекнатите вештини и да увидат кој е најсоодветниот начин за да се постапи во одредена ситуација.
Со вас споделуваме фотографии од обуките, преку кои сакаме да ви ја доловиме атмосферата на учење и стекнување нови менторски вештини.