- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – модератор/ка на национална конференција за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик се поканети да учествуваат индивидуи кои ги исполнуваат наведените критериуми подолу во повикот.
- Опис на работен ангажман
Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ ќе се одржи на 22ри јуни 2022г. во Скопје, во периодот од 12.00 до 14.00 часот. Целта на конференцијата е да ги презентира трите изработени драфт програми во рамки на проектот, но и да ги консултира релевантните актери за истите. На конференцијата ќе бидат претставени следните програми:
- Програма за подобра грижа за менталното здравје на учениците во образовниот систем, наменета за наставници и психолози во средни училишта.
- Програма за кариерно советување на средношколци, наменета за учениците од средните училишта.
- Програма за градење на капацитети на кариерни советници, наменета за наставници од средните училишта.
Покрај претставувањето на програмите и јавната дискусија за истите, во текот на настанот ќе бидат спроведени и тркалезни маси согласно темите на програмите на кои што наставниците, кариерните советници, психолозите и останатите присутни ќе бидат директно консултирани за програмите и што тие мислат за истите. Консултацијата ќе се одвива во насока на подобрување на пристапот за реализација на програмите во училиштата.
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Да подготви план и текст за модерирање на конференцијата, по претходно доставени насоки од Младите можат;
- Внимава и ја уредува националната конференција;
- Да води сметка за почитување на привремени прописи на говори, презентација на следниот говорник, дискусија по извештајот, сумирање на резултатите од дискусијата, помош во формулирањето на заклучоците до известувачот (во случај на неговите потешкотии) и сл.
- Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Да има познавање на темите кариерен развој и ментално здравје кај средношколци;
- Да има искуство со работа во младински сектор;
- Да има претходно искуство во модерирање на дискусии и јавни настани;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот/ката
- Референтна листа од претходно искуство како модератор/ка
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за модератор/ка. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 17ти јуни 2022г., 23:59.
Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]