Искуството што ни го носи секоја година, секој проект, не води до тоа постојано да се подобруваме и да бараме нови и подобри начини како да им пристапиме на младите. Тоа се случува и со проектот More than…activism! . Преку овој проект ќе создадеме тимови од млади луѓе кои волонтираат и спроведуваат иницијативи за теми кои се моментално релевантни и кои се однесуваат на одреден младински предизвик во нашето општество. Исто така, ќе ги инспирираме младите луѓе да бидат свесни за нивниот лидерски потенцијал и да дејствуваат во нивните заедници со активности кои ги претставуваат нивните моментални интереси и таленти. Создадовме посебна програма која ќе поддржи речиси 100 млади да бидат активни во нивната заедница, преку најмалку 5 обуки кои го поттикнуваат следново:

  • Квалитативни животни навики (рекреативни активности, здрав начин на живот, начин на живот со нула отпад итн.);
  • Развој на вештините за критичко размислување и градење став;
  • Градење на капацитети на професионалците кои работат со младите и за младите;
  • Општествена одговорност и солидарност меѓу младите, но и во целата нивна заедница;
  • Зајакнување на граѓанскиот дух и лидерството во заедницата на локално и национално ниво.

Уникатниот пристап и креирањето специјални програми кои ќе се фокусираат на интересите и талентите на вклучените млади ќе ни помогнат да создадеме и одржиме специфична социјална средина која ќе обезбеди создавање на можеби најголема платформа за млади активисти кои имаат вештини и капацитети во различни видови предмети како уметност, музика, спорт, наука, дебата, медиуми итн.

 

Активности кои ќе ни го овозможат горе наведеното се:

  1. Обуки за волонтирање, активизам и критичко размислување за млади

Посебен облик на обука каде што сите млади луѓе , во склоп на темите за кои се заинтересирани ќе научат како да бидат критични, проактивни и општествено одговорни. 60 млади луѓе ќе имаат можност да работат во средина која им овозможува слободно да се изразат во својата област на интерес. Тие ќе бидат обучени да имаат проактивен пристап кон нивните секојдневни активности и ќе стекнат знаења и вештини за да работат кон своето општество од соништата во рамките на нивните интереси и таленти. На крајот од обуката, сите тие млади ќе учествуваат на локален хакатон на кој што ќе ги финализираат проектите кои што сакаат да им бидат поддржани од младинскиот фонд.

  1. Промоција на Social Day

Оваа активност ќе има фокус да создаде тим на промотери кој постојано ќе работи и ќе ја споделува идејата зад Social Day. 40 млади луѓе од Скопје, Битола, Штип и Охрид ќе бидат обучени и мотивирани да бидат локални промотери на Социјалниот ден меѓу своите врсници и нивната најблиска околина. Тие ќе бидат обучени како да ја мобилизираат својата заедница да биде општествено одговорна.

  1. Обезбедување на компании и организации за Social Day

Најмалку 100 компании, организации и институции со повисоко ниво на општествена одговорност ќе бидат вклучени во Social Day преку обезбедување работни места за 300 средношколци за еден ден и донирање на нивните дневници во младинскиот фонд.

  1. Social Day

300 млади луѓе од различни средни училишта ќе бидат ангажирани на Social Day со волонтирање на соодветната работна позиција. Тие ќе добијат чувство за тоа како е да се работи на полето за кое се подготвени да изградат кариера, а притоа преку донирање на нивната дневница тие ќе имаат можност да осетат како и тие да и вратат на заедницата.

  1. Social Day проекти

Најмалку 3 реализирани проекти од и за млади, поддржани од младинскиот фонд креиран преку Social Day и активистичките производи на ММ.

 

___________________________________________________________________________________________________________________________________

“More than…activism! “ е проект кој го спроведува Здружението на граѓани Младите можат, а е подржано од германската фондација Schüler Helfen Leben.