1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на програмер/софтверска компанија за изработка на веб платформа за потребите на проектот “HOBBYZ – Hobby to business, финансиран од Европската комисија”. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или компании. Ангажманот е со времетраење од два месеци (Април-Мај 2022).

  1. Опис на работен ангажман

Веб платформата ќе служи за младинско претприемништво и ќе биде виртуелен простор за директна комуникација помеѓу start-up и потенцијалните инвеститори/донатори. Веб платформата е наменета за користење на сите млади кои имаат одредена идеја и сакаат да започнат свој бизнис, но ги немаат потребните ресурси.

На следниов линк можете да прочитате повеќе за конфигурациите кои треба да ги има веб платформата.

Дополнително, техничкото одржување опфаќа:

  • Техничко одржување на виртуелниот приватен сервер каде што се хостира site-ot (инсталација и конфигурација на оперативен систем и доделување на IP адреса)
  • Дневен Back up на податоци
  • Restore на податоци
  • Чистење на диск од непотребни логови и/или back up фајлови
  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно работно исксутво во областа на програмирање;
  • Искуство во работа на веб-страници на невладини организации;
  • Искуство во креирање на веб платформи;
  • Креативност и понудување на креативни решенија;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за изработка на веб платформа. Добиените понуди ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 2ри февруари 2022г., 23:59.

Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]