- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на експерт за изработка на документи и темплејти за бизнис план и започнување на бизнис за потребите на проектот “HOBBYZ – Hobby to business, финансиран од Европската комисија”. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или асоцијации. Експертската група која ќе аплицира или ќе биде составена, мора да биде од двајца експерти. Ангажманот е со времетраење од два месеци (Април-Мај 2022).
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката или експертскта група треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Изработка на документи и темплејти кои ќе им помогнат на младите претприемачи да го започнат и развиваат својот бизнис
- Одржување на консултативни состаноци со засегнати страни
- Прилагодување на содржината според најновите предизвици и трендови во областа на бизнисот
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на бизнис и претприемништво и/или Start Up
- Искуство во подготовка на темплејти за насочување на млади претприемачи да го развијат својот бизнис
- Запознаеност со работата на младинскиот сектор (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во слични активности или проекти)
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот/ката; експертската група
- Финансиска понуда
- Листа на темплејти кои ќе ги понуди
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за Експерт за изработка на документи и темплејти за бизнис план. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 6ти февруари 2022г., 23:59.
Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]