Дали сакате да патувате, да се запознавате со нови луѓе и да ги споделувате своите вештини и знаења? Доколку одговорот е да, тогаш вие имате шанса да се придружите на меѓународниот тим на волонтери на организацијата Društvo za kulturo inkluzije во Љубљана, Словенија!

Во моментов бараме ентузијастична личност, заинтересирана за работа со деца и млади со посебни потреби која вклучува: попладневни спортски активности со деца , празнични активности и активности поврзани со настани како Интернационалниот фестивал „Play with me“. Волонтерот треба да биде желен да учи нови работи, да се инспирира и да инспирира.

Ако се пронајдовте во зборовите погоре, барате меѓународно искуство и сакате да станете долгорочен волонтер во Љубљана, Словенија, продолжете да читате.

 

Работен ангажман на волонтерот вклучува подготвување и имплементирање на проекти и програми на организацијата, како што се:

  • Социјална инклузија на возрасни со посебни потреби
  • Поддршка на деца со инвалидитет при спортски активности
  • Летни и есенски празнични активности
  • Diversity enriches us – инклузивен спортски викенд
  • Индивидуална работа со деца и адолесценти со посебни потреби
  • Интернационален фестивал “Play with me”

Потребни квалификации:

  • Волонтерот треба да е на возраст од 21 до 29 години
  • Заинтересираност за работа со деца, адолесценти и возрасни со специјални потреби
  • Основно познавање на Microsoft Office и социјални медиуми ( Facebook, Instagram, Tik-Tok)
  • Волонтерот треба да биде достапен во период од една година.

Повеќе за организација домаќин може да прочитате на:

За дополнителни информации за можноста следете го линкот.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат CV и мотивационо писмо на следниот меил:  [email protected] не подоцна од 7ми декември 2020 година.